Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал Јапонија и Јужна Кореја да испратат оружје во Украина, но разбира дека „постојат законски и уставни проблеми“, пишува Си-Ен-Ен.
Од клучно значење е да се почитува Повелбата на ОН и меѓународното право. Русија нема шанси да постигне решение по дипломатски пат се додека нејзините трупи се на наша територија и го нарушуваат нашиот територијален интегритет и суверенитет, истакна Зеленски на прес-конференција на Самит на Г7 во Јапонија.
Тој нагласи дека „на сите им е јасно дека не сакаат ништо со Русија се додека нејзината војска е на територијата на Украина“.
Г. Т.