• Latest

Земи цевку и работи! – Од корен треба да се чисти злото, Латас е само капка во морето

February 20, 2023

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Земи цевку и работи! – Од корен треба да се чисти злото, Латас е само капка во морето

February 20, 2023 13:44
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ВАСИЛЕВСКА

Легендарната реплика од „Среќна нова 49-та“ , „Земи цевку и работи!“ е идеална аналогија на примитивната изјава на Латас во интервјуто кај некој јутјубер Лазаров, која комплетно ја скандализираше јавноста. Со таква леснотија и веројатно концепт дека ќе излезе супермаскуларен, шармантен олдфешн фраер, тој за своето прво секслуално искуство раскажа дека го сторил по налог. Во Фичото имало жена на која „сите и се ределе“ па и он морал „Ми рекоа, влагај и работи, и ја шо да праам“.

За сексуалната не знам, но целата негова новинарска кариера подоцна се одвива на истиов начин. По налог, и со насилство.

Речиси и ги заборавивме сите гадости и опаски на великиот новинар што ја труеше јавноста преку вестите на Сител, и еве го, во центарот на вниманието повторно. И секако, гнасно, недолично, несовесно.

Ајде да одиме по ред.

Неговата неодговорност како човек од медиумите сме ја виделе, но овој пат без трошка разум, своите сељачки тези ги пласира кај јутјубер кој веројатно го следат илјадници млади луѓе. За ступидноста на јутјуберов не е потребно да се коментира, тој е производ на безвредносната инстант инфлуенс или селфи култура, се на се, ординарни глупости што ни ја трујат младината.

Но, „новинаров“ на кој за огромна жал, за некој дел од јавноста е некаков авторитет, се излета како напален тинејџер. Можеме да релативизираме и да спориме дали „реденката“ е  чин на масовно силување, или пак не, ама едно е сигурно, тој зборува за насилни „машки игри“ на психопати што се палат на шамари. И за ова институциите треба да поведат сметка.

Чекајќи ги надлежните да го истражат или пак квалификуваат чинот за кој со гротескна насмевка раскажа Латас, Здруженијата на граѓани за заштита на човековите права излегоа со осуда. И ова беше доволен мотив, Латас наместо да се засрами, повторно глупаво да се обиде да го спинува настанот, начин на кој ги правдаше и крвничките злодела на режимот на Груевски. Да политизира, навредува, „соросоиди“, „политичка одмазда“ итн, зборови што би ги вметнувал и ако зборува за економија, општество, што и да е. Среќа не го краси некоја елоквентност и препелкајќи се да се извади, потона во жива кал.

Според него, овие организации се склони да пропагираат девијации борејќи се против родово базирано насилство (кое секој месец има по некој фаталаен исход на фемициди), или пак за прават на геј заедницата, а тој е вистински маж кој ете само „се истресол“  на некоја што истото „сама си го барала “. А тој, ете,  ќе не врати на традиционалните вредности – тепање и понижување на жени.

Овој наратив на грозоморни ретроградни, па и психотични изјави мора да биде итно санкциониран. Јавната осуда е првиот чекор. Локалните тепачи како оние во „Среќна нова 49-та“, локални фрустрирани моќници, кој својата немоќ ја изразуваат со доминација врз жените и нивно омаловажување, треба да останат во минатото, а секој обид да се оживее „традицијата“ да се сосече во корен. Ако е потребно и со цевка.

Епидемијата на саморазобличување на некои „новинари“ се шири и се надевам ќе кулминира, за да се исчистат од медиумскиот простор, заборавени како бледи и штетни сцени од лоши филмови.

НоваТв

Tags: ЈутјубЛатасновинари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ