• Latest

Жбогар: Интерес на Унијата е да се формира силна коалиција во поширок состав!

February 7, 2017

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жбогар: Интерес на Унијата е да се формира силна коалиција во поширок состав!

February 7, 2017 16:29
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Европската унија со нетрпение очекува формирање на нова влада во Република Македонија, а политичките партии да донесат одлука каква влада или коалиција ќе се формира“, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, за време на посетата на Прилеп, во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“. 

„Ние, како ЕУ, немаме став по тоа прашање, но наш интерес е да се формира силна коалиција во поширок контекст, сите да дадат поддршка за реализација на европската агенда“, изјави Жбогар во Прилеп. Тој истакна дека очекува од политичките партии да ја поддржат европската агенда, без разлика дали се во опозиција или на власт.

„Најважно е дека гледаме оти сите политички партии ја подржуваат агендата на ЕУ. Веруваме дека токму европската агенда е центарот, ткивото што би ги обединило сите политички партии во вашата земја и се надеваме дека ќе има широка поддршка, не само од партиите кои се на власт, туку и од опозицијата“, додаде Жбогар.

Тој, исто така ја најави посетата на еврокомесарот Јоханес Хан кој, освен на министерската средба за енергетика за Западен Балкан, ќе има билатерални средби со политичките лидери, за како што рече Жбогар: „Комесарот Хан од прва рака ќе види каде стоиме и како ЕУ може понатаму да ја поддржи земјата“.

Евроамбасадорот Жбогар пред неколку дена изјави дека не е тешко да се обезбедат над 61 потпис и да се формира нова влада. „Ние мислиме дека нема да биде тешко да се обезбедат 61 потпис, а можеби и повеќе. Тоа што е важно е новата Влада да биде посветена кон реформите, а тоа е важно за целата држава. Потребна е коалиција за реформи и токму поради тоа, мислам дека нема да биде тешко да се соберат потписи за коалиција за да се спроведат реформите на ЕУ“, изјави евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар.

Tags: европска агендаЕУЗападен БалканЈоханес ХанПрилепСамуел Жбогарширока коалиција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ