• Latest
Војо Маневски

Жолти комбиња и црни УСБ

September 30, 2023

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Жолти комбиња и црни УСБ

September 30, 2023 11:38
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Нашата политичка сцена е како современ театар. Актерите имаат улоги кои шокираат, мора да се капат по сцената, да испуштаат разни неартикулирани гласови и да изговараат текст кој ниту го разбираат, ниту се трудат да го разберат. Одвреме-навреме погледнуваат во режисерот кој седи во единаесеттиот ред со скрстени раце и се надеваат дека ќе го дочекаат крајот на чинот, свесни дека претставата и по нив ќе биде играна.

Како и во секој театар се употребуваат разни реквизити за убедливоста на сцените да биде поголема. Нема граница кога е во прашање политички опстанок, сѐ е дозволено. Мешање на идеологии во непрепознатлив амалгам е тактика за збунување на публиката. Нема таа да си одбира кој ќе ѝ биде јунак во претставата, има да одбира меѓу актерите и тоа час на левата страна од сцената, час на десната. Во средина, ако се концентрира светлото, според сценариото веднаш се буткаат мноштво актери. Важно е публиката  да го следи светлото.

Светло мајсторот за сите овие триесет и кусур години ја држи сцената  недоволно осветлена, во претежно мрачна состојба со длабока темнина во позадината. Некогаш некој зрак малку ќе го осветли тој дел, колку да се види дека некои актери таму се движат и се групираат, постојано нешто додавајќи си и шепотејќи си на уво. Само еднаш се виде дека некои од актерите носат маски со „големи уво“. Шета тоа светлото, ама само напред и во центар. Сценариото кажува дека таму се држат главните говори и изјави. Еден сноп светло секогаш е концентриран на актерот што држи некаков монолог, а другите клечат и со раце спремни за аплауз испуштаат  звуци што на сите службени јазици во нашава држава се разбираат како така е, се согласуваме, браво! Светло мајсторот така го центрирал светлото што тоа најмногу го осветлува главниот актер, а другите полека од светлиот дел на сцената се стационирани во затемнетиот дел. Важно е дека сите си го знаат местото што им го доделил режисерот, а им го покажува светло мајсторот. Неколку пати на претставите имало некакви замени на улогите затоа што актерот што подолго бил на светлиот дел на сцената, заслепен од светлото го заборавал текстот и распоредот на сцената. Не би било проблем ако тоа е само моментално. Проблемот е кога за да слезе од сцената актерот заслепен од светлото ја промашува вратата и излегува во ходникот меѓу гримиорните. Кога се освести и сфати каде грешел, се обидува да се врати на сцената, ама тоа тешко му оди зошто сценографот предвидел разместување на актерите во следните сцени. Кога се обидува да се врати на сцената некогашниот главен актер мора да бара каде е сега влезот на сцената и да помине низ темниот дел каде збиено седат некои други актери. Еден нагази, па друг и тие и покрај уметничката пожртвуваност за преставата почнуваат да се бунат зошто некој ги гази по екстремитетите, а бога ми некои и врз главата. Кога дојде во опасност претставата, режисерот го испраќа инспициентот да го стави исфрустрираниот актер на некое место на крајот од сцената, а на техничарот му сигнализира дека ако дојде до покрупни прекини на преставата да ја спушти завесата и да означи крај на тој чин.

На сцената се одвива беспоштедна борба да се дојде до светлото и до централниот дел на сцената. Актерите веќе не ја почитуваат режисерската замисла, ниту координатите на сценографот. Кулисите се тресат и можно е да се сруши целата сценографија. Режисерот веќе има подготвено драматуршко решение за излез од вакви модернистички сцени и на сцената се појавуваат мали жолти комбиња со некакви антени на крововите. Тие вртат по сцената во некаков правилен ред и ги одвојуваат актерите од светлиот и темниот дел на сцената. Публиката се обидува да разбере кој е кој во преставата и што е пораката, но освен некаква збрка со многу гласови и некоординирани движења ништо не успева да разбере. Жолтите комбиња полека воспоставуваат ред и на светлото на сцената се појавуваат и стари и нови актери и оние што биле во потемниот дел од сцената, но и оние што некаде околу главниот актер се напојувале од светлост. Полека приоѓаат до жолтите комбиња и од задниот гепек секој зема по едно УСБ и напишан текст. Секој од актерите го крие својот УСБ, а хартијата нежно ја свиткува и ја става во пазувите. Гласовите стивнуваат и актерите ги завземаат своите нови места на сцената. Сега повторно се засилува светлото и на предниот нејзин најосветлен дел се други актери што со некакви нови конфекциски маски влегуваат во дијалог како нов вовед во следниот чин.

Истата претстава продолжува со слично сценско осветлување само овој пат на сцената се и некакви компјутери со огромни екрани на кои се препознаваат актерите од претходниот чин како нешто се договараат и нешто си подаваат. Сцената трае долго дури до половина чин, публиката го следи дејствието на големите екрани, а актерите седат и се претвораат во публика. Звукот станува сѐ погласен и мелодијата сѐ повеќе личи на француската Марсељеза. „Формирајте баталјони и марширајте“ – ечи од звучниците, а публиката запаѓа во колективен транс во ритамот на маршот.

Одеднаш светлата се вртат кон публиката и таа заслепена станува да ги награди со аплауз актерите.

Но, модерниот театар има други правила. На сцената стојат двајца сценски работника, од задниот дел на малите жолти комбиња делат црни УСБ. Секој гледач приоѓа си зема едно УСБ и си излегува од театарската сала. Нема застанување во холот или театарското бифе, туку се упатува гледачот право дома да го отвори црното УСБ и да види што има во него. Што и да види ќе биде само негова претстава за содржината. Негова и ничија повеќе. Па нели секој има право на своја претстава и вистина.

Овој приказ на модерна театарска престава е нешто како порака до актерите на нашата политичка сцена. Режисери не можете да бидете, ама барем како актери научете ги добро улогите за да не треба да се потсетувате за улогата од жолтите комбиња и црните УСБ. Пробавте со конфронтација, па правевте изнудени соработки, продолживте со отворена омраза, па завршивте со одмазда. Почнавте со договори, па завршивте без можност за договарање. А да почнете со нормален политички дијалог и соработка за барем најважните прашања? Можеби и режисерот ќе се согласи со таквите улоги. Грешам или нешто друго пишува во црните УСБ од жолтите комбиња?!

Брзам дома да прочитам што има на моето УСБ.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ