Спектакуларниот мултимедијален настан на Караванот на слободата ќе се одржи во петок, 1 октомври, на Јадран Сквер со концерт на Тони Зен,Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова.
Покрај концертниот настап на големите музички имиња, овој мултимедијален спектакл ќе биде збогатен со поетски читања, ликовна работилница и изложба. Поетски перформанс ќе имаатДарко Лешоски, Рина Јанкуловска, Елена Пренџова и Диана Тахири, а уметничката работилница, која ќе започне од 19:00 часот, ќе ја предводи академскиот сликар Мирослав Стојановиќ – Шуки, со учество на Касиопеја Наумовска, Сали Ертунџ, Славчо Максимовски и Нина Максимова.
Караванот на слободата во изминатите три месеци одржа шест големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово, Куманово иШтип и посети повеќе од 40 општини во земјата, а тимовите на ЦИВИЛ беа во директна комуникација со илјадници граѓанки и граѓани.
Големото финале на Караванот на слободата е повеќе од концерт – се вели во ЦИВИЛ. Тоа е моќна порака на слободата во која, секој што ќе биде во публиката, ќе може да ја сподели. Ова е настан што не се пропушта!