• Latest

ЦИВИЛ бара одговорност за говорот на омраза и лагите на политичкото и криминалното подземје!

August 17, 2017

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ бара одговорност за говорот на омраза и лагите на политичкото и криминалното подземје!

August 17, 2017 14:16
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Квази-медиумите блиски до структури кои се осомничени за тежок криминал, корупција, насилство и изборни кражби, продолжуваат со своите клевети и лаги против ЦИВИЛ – Центар за слобода. Иако на судски рочишта, водени од корумпирани судии, се извинуваат за искажаните лаги, тие во јавноста продолжуваат со лагите, клеветите и говорот на омраза против ЦИВИЛ и претставниците на нашата организација.

Јавноста ги познава овие структури и добро ги знае мотивите кои стојат зад нивното неетичко, непрофесионално, па и противзаконско дејствување.

За јавноста да биде подобро информирана, уште еднаш истакнуваме дека ЦИВИЛ во рамките на својата структура, во 2009 година регистрира организациска единица под името ЦИВИЛ Медиа, во чии рамки се функционира Редакција составена од професионални новинарки и новинари, како и од соработници и граѓански новинари од целата земја. Оваа активност ја поддржуваат донатори и институции од повеќе земји од светот, но најмногу се заснова на придонесот на активни, свесни и совесни граѓанки и граѓани кои имаат доверба во нашата Редакција.

Оттаму, за нас не постои селекција на темите, туку ги покриваме сите теми, настани и процеси за кои сметаме дека се важни, на објективен и професионален начин, слободно и без цензура. Знаеме дека тоа им изгледа незамисливо на медиумите кои му служеа на довчерашниот режим, но тоа се факти кои и тие самите добро ги знаат.

Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ, Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ја препозна како важна тема, исто како и сите останати теми за кои секојдневно се објавуваат содржини на информативните веб страници. Човековите права и слободи, социјалната правда, слободата на изразувањето, слободата, демократијата и владеењето на правото, правото на слободни избори, реформите и политичките процеси во земјата се само дел од областите со кои ЦИВИЛ се занимава долги години, а ЦИВИЛ Медиа пишува за нив. Дали за тоа се објавува во квази-медиумите? Одговорот е краток, лесен и едноставен: НЕ. Наместо тоа, тие продолжуваат со својата валкана работа.

Апелираме до институциите конечно да преземат мерки и да ги испитаат очигледните врски на овие медиуми со политичкото и криминалното подземје и да ги повикаат на одговорност нивните сопственици, уредници и новинари кои се сè, само не се луѓе кои заслужуваат да бидат во оваа благородна професија. Само така ќе се сопре говорот на омраза и ќе се санираат огромните штети кои ги трпат организации, поединци, па и цели категории на граѓанки и граѓани од нивните бескрајни валкани кампањи полни со омраза, клевети и лаги.

Tags: ВМРО-ДПМНЕговор на омразаклеветикриминаллагиМедиумиодговорностполичко подземјареформатори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ