• Latest

ЦИВИЛ бара секојдневно, искрено и посветено почитување на човековите права на сите поединци и заедници

December 10, 2017

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ бара секојдневно, искрено и посветено почитување на човековите права на сите поединци и заедници

December 10, 2017 13:54
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права во Париз, на 10 декември 1948 година. Декларацијата произлезе од мрачното искуство во Втората светска војна и потребата за заштита на основните права на човекот. Првиот член на Декларацијата „сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и правата“ ги гарантира правата и слободите на секој човек на оваа планета. Со самото раѓање, секој се стекнува со сите права опишани во Декларацијата.

На Меѓународниот ден на човековите права, ЦИВИЛ – Центар за слобода испраќа јасна и недвосмислена порака до институциите дека човековите права и слободи се нивна прва и последна обврска, а не интересите на политичките и финансиските моќници. На овој ден, како и секој друг ден во годината, повикуваме на акција и вклучување на сите граѓанки и граѓани во одбрана на човековите права и слободи во духот на солидарноста и почитувањето.

Граѓанките и граѓаните беа мета на дискриминација врз основа на политичка припадност, етничка и верска припадност, род, социјален или здравствен статус и сексуална ориентација долги години. Структурното насилство, селективната правда, дивеењето и грабежот на јавните пари, изборните кражби и монструозната злоупотреба на моќта беа дел од секојдневниот живот на граѓанките и граѓаните. Партијата на власт ја зароби државата и го згази човечкото достоинство. Слободата на говорот и медиумите беа речиси непостоечки. Тоа беше предолг период во кој ерозијата на системот и вредностите остави пустош зад себе. Сега е време кога сите институции, во духот на транспарентноста и отвореноста, а најмногу во духот на разбирањето за потребите на секој поединец, мораат максимално да ги почитуваат човековите права и слободи.

Граѓанките и граѓаните сѐ уште се соочуваат со дискриминација и кршење на основните човекови права и слободи практично насекаде – на работа, на улица и дома. Политиките на вработување, судството и полицијата, образованието, здравството и дистрибуцијата на социјалната помош се само почеток на долгата листа од сфери каде човековите права и слободи мора да се почитуваат во духот на Универзалната декларација за човековите права и Уставот на Република Македонија.

Неприфатливо е селективно почитување на човековите права и слободи. Неприфатливо е делумно почитување на колективни права само на некои заедници, на сметка на други заедници и категории на граѓанки и граѓани. Неприфатливо е почитување на човековите права на колективитети, а занемарување на правата на поединците.

Секојдневно, искрено, посветено и подеднакво за сите поединци и заедници! Веднаш!

Tags: заеднициинституцииколективни праваМакедонијаМеѓународен ден на човековите правапартиипоединцичовекови права
Share103TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ