ЦИВИЛ Млади е неформална организациона единица која во ЦИВИЛ функционира веќе две години. Групата ја сочинуваат млади луѓе кои биле и се дел од проектите и активностите на организацијата.
Неодамна, на иницијатива на оваа група енергични и креативни млади девојки и момчиња, се отвори нова рубрика на проектната веб страница Граѓански објектив. Паралелно со тоа се регистрира и блогот CIVIL Youth на кој содржините ќе се објавуваат без редактирање, онака како што ќе се договорат младите на ЦИВИЛ.
Нивните размислувања и ставови, разговори и информативни прилози ќе ги објавуваме редовно, а заеднички планираме и неколку настани, меѓу кои и една панел дискусија. Сите млади, заинтересирани за активизам и граѓанско новинарство, можат да се пријават за учество во проектите на ЦИВИЛ кои се занимаваат со теми поврзани со младите и воопшто, со општествените и политичките процеси во земјата.