• Latest

ЦИВИЛ предлага СЈО да ја прошири истрагата за изборна измама!

December 21, 2016

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ предлага СЈО да ја прошири истрагата за изборна измама!

December 21, 2016 15:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ бара враќање на правната држава во Република Македонија. Демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права се неразделиви и мораат да бидат обезбедени од институциите кои мора да се ослободат од контролата на политичките партии веднаш и без никакво одлагање. Одлуката на Управниот суд за прегласување на ИМ 2011 во Теарце говори дека институциите на правдата се охрабруваат и ветуваат независно работење и донесување одлуки според словото на законот. Ова ни оддалеку не е доволно, но е добар почеток.

Сите треба да ги почитуваат начелата на правната држава, па оттаму, и изборниот резултат и одлуките на институциите, под услов, изборите да се слободни и институциите независни. Во секој случај, сите релевантни учесници во изборната трка треба да вложат приговори и жалби, доколку се незадоволни од текот на изборниот процес.

ЦИВИЛ во јавноста изнесе јасни, недвосмислени, детални и директни согледувања, извештаи, анализи и препораки. Обемниот материјал од изборниот мониторинг се објавува на македонски, албански и англиски јазик на веб-страниците на организацијата, а препораките и наодите се испратени на Државната изборна комисија. Без оглед на тоа дали ДИК одговори на бројните укажувања, важно е да се знае дека ЦИВИЛ ги почитува институциите и се обидува да даде конструктивен придонес кон подобрување на состојбите. За жал, одговорот на најрелевантната институција сè уште изостанува, но ние чувствуваме обврска да оставиме институционална трага дека сме биле докрај доследни и упорни да учествуваме во процесот, соодветно на Уставот и законите кои овозможуваат граѓанска контрола на демократските процеси.

protst-dik-1612

Изборниот процес во Република Македонија ни оддалеку не беше „црно-бел“. Голем број сериозни нерегуларности се нотираат во над 650 извештаи на набљудувачите на ЦИВИЛ само на денот на гласањето, на 11-ти декември, да не говориме за голем број извештаи од долгорочното набљудување на политичките процеси во изборен контекст и пошироко.

Во текот на изминатата година, ЦИВИЛ секојдневно ја известуваше јавноста и институциите на многу конкретен и транспарентен начин за сите случаи на кршење на правото на глас, за хаваријата на Избирачкиот список, за тешките злоупотреби, притисоци и манипулации. ЦИВИЛ побара од ДИК да ја разгледа можноста за прегласување во 30 Избирачки места, пребројување на сите гласачки ливчиња и ревизија на сите неважечки гласачки ливчиња. Понатаму, ЦИВИЛ побара увид во процесот на проверка на изборниот материјал и понатамошна истрага за поедини сегменти на изборниот процес. Потребни се понатамошни истраги за да имаме јасна претстава што навистина се случи и кој е одговорен за проблемите кои го придружуваа целиот политички процес, во кој водечките политички структури на партиите на власт и на опозицијата се обврзаа да спроведат сериозни реформи.

За жал, Државната изборна комисија не ги искористи ингеренциите и авторитетот кои ѝ беа дадени според законот и кои се најшироки откако постои оваа институција во нашата земја. ДИК пропушти да го заштити интегритетот на оваа институција, не го заштити изборниот процес и правото на глас во спорните случаи, за кои јасно и конкретно ги информиравме.

Бараме од институциите да спроведат понатамошни истраги за изборните нерегуларности за кои ја известивме јавноста и испративме писма со укажувања до ДИК.

dik-pauza1

Волјата на гласачите мора да дојде до полн израз! Затоа, без оглед на роковите, бараме да се земат предвид препораките на ЦИВИЛ, а тоа подразбира пребројување и ревизија на изборниот материјал. Некој мора да понесе одговорност!

Нерегуларностите кои ги нотираа набљудувачите на ЦИВИЛ се очигледно последица од долгогодишната злоупотреба на системот и на институциите, структурното насилство и широко распространетата политичка корупција во земјата. Затоа, веруваме дека постојат повеќе од доволно аргументи да се прошири и мандатот на Специјалното јавно обвинителство и на измамничките практики и во текот на изборниот процес во 2016 година. СЈО и досега дојде до извонредни резултати во овој домен и сметаме дека овој предлог е повеќе од оправдан.

Ги повикуваме сите актери во изборниот процес да се однесуваат одговорно и достоинствено. Говорот на омраза, поттикнувањето на етничка и верска омраза и повикувањето на насилство, на кои бевме сведоци овие денови, мора да бидат осудени од јавноста, а институциите да спроведат остри и решителни санкции против неодговорните политичари.

 

Tags: говор на омразаДИКзлоупотреба на системоткршење на правото на гласнезависни институцииСЈОСлободни избориЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ