• Latest

ЦИВИЛ со најнови информации од Чаир

November 12, 2017
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ со најнови информации од Чаир

November 12, 2017 18:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Своето право на глас на прегласувањето на ИМ 2901 во Чаир го искористиле 253 до 18:00 часот, информира набљудувачот на ЦИВИЛ од лице место. 

Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат пред СОУ „Иднина“ во 18:30 часот и ќе бидат на располагање за изјави пред и по затворањето на избирачкото место. Тимот на ЦИВИЛ е стациониран во чајџилницата „Те Бала“, на вкрстувањето меѓу улиците Крсте Асенов и Добри Даскалов, во непосредна близина на СОУ „Иднина“.

Изборниот ден на прегласувањето на избирачкото место 2901 во СОУ „Иднина“ во Чаир започна и течеше мирно и без посебни изненадувања. Во текот на целиот ден беше забележливо силно присуство на полицијата. Неофицијално, ЦИВИЛ дознава дека на партиските активисти им било категорично укажано дека не смеат да дејствуваат во околината на објектот на училиштето кај што се одржува прегласувањето. Сепак, во околните локали беше забележана концентрација на локални партиски функционери и раководители на јавни претпријатија и во администрацијата.

ЦИВИЛ објави повеќе извештаи од набљудувањето (9:30, 10:30, 12:30, 16:30)  и одржа една прес конференција во 13:30 часот пред СОУ „Иднина“.

Во вториот круг на локалните избори во оваа избирачко место гласале 278 од вкупно 719 гласачи. Разликата меѓу кандидатите за градоначалници Зеќирија Ибрахими и Висар Ганиу беше 66 гласа предност за Ибрахими. По одбиениот приговор на Беса за избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, Управниот суд Скопје, донесе одлука за прегласување, прифаќајќи ја нивната жалба.

Беса, незадоволна од начинот на спроведување на изборниот процес во вториот круг во Чаир, до ДИК поднесе 89 приговори. Оние што се однесуваа за избирачки места во Чаир, најмногу се однесуваа на броењето на гласовите, каде овластените претставници на партијата констатирале дека за неважечки се прогласувале оние гласачки ливчиња каде, како што се вели во приговорите, е јасно изразена волјата на гласачите, токму за нивниот кандидат за градоначалник.

ЦИВИЛ ќе го набљудува спроведувањето на прегласувањето на ова избирачко место и ќе ја известува јавноста во текот на целиот ден.

Граѓанките и граѓаните и сите засегнати страни кои имаат информации за изборни нерегуларности можат да ги пријават на телефонските броеви 071 608 523, 078 / 746 138 и онлајн формуларот www.slobodniizbori.info.

ЦИВИЛ – Центар за слобода прогласи нулта толеранција кон изборните нерегуларности и ги повика сите учесници во прегласувањето на избирачкото место 2901, на 12 ноември, да придонесат за мирен, слободен и демократски изборен ден.

Tags: 2901изборимониторингпрегласувањеЦивилЧаир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ