ЦИВИЛ – Центар за слобода на денешната прес конференција ги презентираше наодите и извештаите од мониторингот на вториот круг локални избори 2017.
„Изборниот материјал овие избори покажа серија на недоследности што ги доведе избрачките одбори во ситуација да бидат навистина креативни за да им помогнат на гласачите да го остварат своето право. Забележан ќе остане и високиот број на неважечки гласачки ливчиња. Еден дел од нив се должи, според анализите на ЦИВИЛ, на крајно лошиот изборен материјал, но исто така претставува една сериозна опомена на гласачите до политичките структури дека, едностанвно немаат доверба во ниту еден и не сакаат да гласаат за ниту еден од учесниците на локалните избори“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, упатувајќи и низа други остри критики кон Државната изборна комисија и кон политичките партии.
текст и монтажа: Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов