ЦИВИЛ е трн во окото на битолските моќници. Градоначалникот на Битола, Владо Талески, повеќе пати одбива да даде согласност за ЦИВИЛ да одржи јавен настан во Битола.
Во период од само една година, општинските власти одбиваат да издадат одобрение за одржување мали јавни настани и презентации на отворено во овој град. Тоа се однесува на проекти и презентации на ЦИВИЛ кои се однесуваат на гласачкото право, социјалната правда, работничките права, а најскорешен таков настан се однесуваше на презентацијата на прилозите на граѓанските новинарки и новинари во рамките на проектните активности на ЦИВИЛ. Како ретко каде на друго место, ЦИВИЛ има навистина лош третман во оваа општина.
Без оглед на административните блокади, ЦИВИЛ одржа повеќе настани на отворено во Битола во текот на изминатата и оваа година, благодарение на поддршката од граѓанките и граѓаните на овој град, а особено од организацијата „За нас се работи“.
„Минатата година го поставивме прашањето: Од што се иплаши Талески?. Од неодамна го знаеме и одговорот: од СЈО.“ – се вели во ЦИВИЛ.
Р.Ц.М.