Тим на ЦИВИЛ денеска е во Велес, на средби со граѓанките и граѓаните и со претставниците на медиумите и граѓанското општество. На ова патување, ЦИВИЛите ќе споделат информации за проектот Слободни медиуми за слободно општество.
На овие патувања, тимот на ЦИВИЛ Медиа, во директна комуникација со граѓанките и граѓаните, спроведува и истажувачки активности за состојбата на човековите права и слободи, слободата на изразувањето и медиумските слободи, прибира сведоштва и продуцира медиумски содржини за влијанието на политичките процеси на локално ниво. Со овој проект, ЦИВИЛ дава придонес кон ослободувањето и деконтаминацијата на медиумскиот простор и кон охрабрувањето на граѓанките и граѓаните да градат слободно општество, преку учество во политичките процеси и носењето одлуки на локално и национално ниво.
Дел од патувањата се и промотивни активности, преку кои медиумските содржини кои ги објавува ЦИВИЛ Медиа се приближуваат и до оние што немаат секојдневен пристап до интернет.
Проектот Слободни медиуми за слободно општество го финансира Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Џ.Д.