ЦИВИЛ денеска со засилено темпо продолжува со теренските активности во Скопје, на улица Македонија и Стара Скопска Чаршија. Преку комуникација со граѓанките и граѓаните активистите на ЦИВИЛ го презентираа проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, а преку њузлетерот да им ги приближат медиумските содржини на оние што немаат можност да ги следат онлајн.
Директната комуникација со граѓанките и граѓаните преку штандовите беше одлична можност за тие да се информираат повеќе за останатите активности на ЦИВИЛ во кои тие можат да се вклучат и да придонесат кон промени во општеството.
ЦИВИЛ останува секогаш отворен кон медиумите, активистите и претставниците на граѓанското општество, да се запознаат со активностите на организацијата и активно да учествувааат во нив.
Вулнет Махмути