• Latest

ЗНАМИЊА: Сите имаат изговор за зголемување на тензиите, никој не нуди решенија

December 2, 2024
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025

Меџити и Ѓорѓиевски не гледаат проблем што независните кандидати ќе можат со два потписа да се кандидираат на локалните избори

August 19, 2025

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Се разгледува опцијата Додик да биде кандидат за претседател на Србија по Вучиќ

August 19, 2025
Последната и единствена средба меѓу Зеленски и Путин во Париз во декември 2019 година. Фото: Скриншот од видео на kremlin YouTube каналот

Унгарија се нуди како потенцијално место за средбата Зеленски-Путин, во игра и Швајцарија и Турција

August 19, 2025

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

ЗНАМИЊА: Сите имаат изговор за зголемување на тензиите, никој не нуди решенија

December 2, 2024 14:23
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сквернавење на македонското знаме на одбележување на Ден на албанското знаме, палење на албанското знаме (како одговор, реакција на претходниот чин?), пукање со калашников, беснеење со автомобили или креирање етнички тензии и омраза – нешто што ако го цитираме премиерот „ваков тип на обиди за ескалација на случувањата и креирање на етнички тензии, дека ќе има, и ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде“.

Но, цитирањето на Мицкоски да не биде сфатено погрешно – иницирањето дека е овој чин на агресија и креирано сценарио е оправдување на неговата теза од претходно кога зборуваше за дестабилизација на државата од ДУИ, приказна од која не се откажува.

Реакции, осуди, барања… партиски преписки за решавање на инцидентите

Точно, ВМРО-ДПМНЕ излезе со осуда на инцидентите, повикувајќи ги надлежните институции за санкционирање на сите што го кршат законот. Со реакција излегоа и од СДСМ, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица. Се јави и Јавното обвинителство, а и МВР излезе со информации дека се приведени осум лица – сите млади лица од 18 до 21 година и еден малолетник. Реагираше и претседателката Гордана Силјановска Давкова, велејќи дека ова е чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.

Функционерите, претседателот, потпретседателите, пратеници и членови на раководството од СДСМ, дополнително како реакција и оддавање чест, го објавија македонското знаме на своите профили на социјалните мрежи.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, пак, отиде и чекор подалеку повикувајќи на обединување, но на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, НСДП, ЛДП, апсолутно сите (под „апсолутно сите“ може само да се претпоставува дали мисли и на политичките партии од албанскиот блок и на сите останати етнички заедници).

„Не може да се дели и уништува македонското ткиво, да се угнетуваат струмичанки и струмичани, додека во центарот на Скопје се гази македонската чест и достоинство. За жал, струмичкото ВМРО-ДПМНЕ нема сенс за националните интереси и интересите на граѓаните“, изјави Костадинов.

СДСМ иницирана од инцидентите повотрно повика на лидерска средба и оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„На оваа средба, сите заедно треба да испратиме порака дека Македонија е и ќе остане држава на сите нејзини граѓани. Држава која ги почитува различностите и која ги штити државните симболи, редот и мирот. Држава која не дозволува поделби, конфликти и провокации“, повикаа од СДСМ.

Одговорот, пак, на ВЛЕН, беше дека чувствуваат одговорност и затоа апелираат до сите граѓани да покажат разумност и решителност да не станат плен на злонамерни провокации.

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера не им одговараше на оние на кои им се наруши комфорот на фотелјите на власта. На крајот на денот се појавија овие кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата. Не затоа што ја сакаат државата, туку затоа што им недостига власта“, реагираа од ВЛЕН.

Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење и транспарентност, од редовите на ВЛЕН и директно обвини дека ДУИ стои зад инцидентите со сквернавње на знамето, покажувајќи фотографии, од еден од младите што го палеа македонското знаме, во седиштето на ДУИ, покажувајќи и на Иљаз Лесковица, советник на ДУИ во општина Шутка, како автор на палењето.

Одговор стигна од Артан Груби, ДУИ, кој најави тужби за изнесените обвинувања.

Потпретседателот на ДУИ Бајрам Реџепи потсети дека се палеше и албанското национално знаме велејќи дека провокациите спрема Албанците поминуваат без никаква казна, додека полициското насилство спрема една традиционална манифестација завршува со казнување само на Албанците, при што станува јасно дека таквиот пристап е намерен за да се навредува и омаловажува една цела нација.

Каде лежи одговорноста?

Проверено, за било какво дестабилизирање на државата најпрвин се креираат меѓуетнички тензии. Но, политичкото прифитерство на партиите, од било која страна, реториката на омраза ја сеат кај младите. Па затоа, оние што палеа знамиња, македонското и албанското, оние што беснееја по улиците, скандираа и беа млади луѓе и малолетници.

„Длабоко вознемирувачки е да се биде сведок на вакви инциденти, но уште посериозно е тоа што се врши експлоатација на младите за ширење на деструктивни идеологии“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ – Центар за слобода со барање за итна заштита на младите од реториката на омраза.

ЦИВИЛ во својата реакција ги осудува и политичките профитери кои, наместо да понудат решенија, ги искористија инцидентите со палењето на македонското знаме за дневни политички поени, во изјави што содржат осуда, но истовремено упатија и инфламаторни, поларизирачки пораки. Тоа придонесе кон одговор од „другата страна“ и дополнителни инциденти со палење на албанското знаме, но и насилство во кое, според досега познатите податоци, еден млад човек беше претепан.

„Длабоко вознемирувачки е да се биде сведок на вакви инциденти, но уште посериозно е тоа што се врши експлоатација на младите за ширење на деструктивни идеологии и пораки кои ги упатуваат пред сè политичките ентитети во земјава кои се вистински одговорни за настанот“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ во интервју за Слободен печат.

Што всушност се одбележуваше?

На 28 ноември 1912 година Исмаил Ќемали, основачот и првиот претеседател, премиер и министер за надворешни работи на модерна Албанија, ја повел албанската нација кон независност отцепувајќи ја од вековното ропство на Отоманското Царство.

Големо народно собрание било свикано во градот Валона на кое присуствувале 40 делегати. Едногласно било одлучено Албанија да стане независна држава. Денот се празнува и како Ден на албанското знаме бидејќи тогаш албанското знаме било подигнато во слободната Валона.

Албаниците насекаде во светот го одбележуваат Денот на независноста и на албанското знаме со манифестации, културни настани и свечености, чествувајќи ја независноста, слободата и мирот.

Биљана Јордановска

Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ден на Албанското знамеинцидентиреакцииЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ