• Latest
Џелал Хоџиќ

Зошто е важен пописот за помалкубројните заедници?

December 30, 2021

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Зошто е важен пописот за помалкубројните заедници?

Помалкубројните заедници покажаа дека се заинтересирани да имаме успешен попис, затоа што се заинтересирани Република Северна Македонија да има одржлив демократски и економски развој. Покрај заедничките проблеми, кои сите граѓани ги делат, без разлика на етничка и верска припадност, помалкубројните заедници покажаа интерес и за своите проблеми кои имаат специфики на секоја од етничките заедници од која доаѓаат невладините организации

December 30, 2021 09:00
in АНАЛИЗИ, ПОПИС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ

Share on FacebookShare on Twitter

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ

Би го започнал овој текст со цитирање на изјавата на Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, по завршувањето на Пописот на населението 2021.

„Пописот 2021 успешно се заврши и покрај сите неповолности. Сега треба да ги обработиме податоците и крајот на март, почетокот на април идната година, да излеземе со конечните податоци од пописот, што е полесниот дел од работата, бидејќи зависи само од нас, без надворешни фактори.“

Процес оптоварен со политиканство, национализам, партиско препукување…

Веројатно во некое понормално општество воопшто немаше да биде дискутабилно дали една операција кава што е пописот на населението е успешно спроведена. За жал, кај нас, една таква операција е оптоварена од политиканство, национализам, партиско препукување и позиционирање, разни сомнежи и недоверба во институциите, предрасуди, па сѐ до дезинформации и говор на омраза.

Поради ваквиот контекст, позитивна вест е дека во Република Северна Македонија, во 2021 година се одржа успешен попис на населението. Успешен попис на население после повеќе од 19 години и еден неуспешен обид некаде во 2011-та година.

А на сите чинители во општеството им е јасно дека без попис не можат да се креираат развојни политики во сите сфери, од образовни, преку економски, здравствени, инфраструктурни, еколошки… па сѐ до демографски политики. Сепак, веројатно ќе има уште една тура на нови препукување, политиканство, национализам и дополнително партиски позиционирање врз основа на објавените резултати на пописот на населението, кое е најавено на крајот на март или почетокот на април во 2022 година.

Тоа што денес го имаме за податок е следново: Попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Во дијаспората се самопопишале 204.805 македонски државјани, најмногу од западноевропските земји, а многу помалку од прекуокеанските земји.

Голем интерес за пописот кај помалкубројните заедници

Припадниците на помалкубројните заедници покажаа голем интерес да дадат свој придонес во успешно спроведување на пописот на населението. Видовме дека поголем број на невладини организации од различни етнички заедници имаа свои кампањи со кои ја подигаа свеста на граѓаните од своите етнички заедници за слободно изразување на пописот за тоа кој на која етничка заедница и припаѓа и на кој мајчин јазик зборува. Такви кампањи имаше во турската, ромската, српската, бошњачката, влашката, хрватската, египќанската и други заедници во Северна Македонија.

Помалкубројните заедници покажаа дека се заинтересирани да имаме успешен попис, затоа што се заинтересирани Република Северна Македонија да има одржлив демократски и економски развој. Покрај заедничките проблеми, кои сите граѓани ги делат, без разлика на етничка и верска припадност, помалкубројните заедници покажаа интерес и за своите проблеми кои имаат специфики на секоја од етничките заедници од која доаѓаат невладините организации.

Пописот на населението е важен и за креирање на политики на среден и долг рок

Во кампањите се истакна фактот дека пописот на населението е важен и за креирање на политики на среден и долг рок во: образованието на турскиот, ромскиот, српскиот, босанскиот и влашкиот јазик. Понатаму, важно беше да се знае дека, врз основа на резултатите од пописот на населението, ќе се креираат политики за зачувување на културните различности, но и промоција на разните култури, за што велиме дека е богатство на нашето заедничко општество. Дознавме дека иселувањето многу повеќе ги погодува помалкубројните заедници и дека се залагаат за поефикасно решавање на начелото на соодветна и правична застапеност.

Иако повеќето ги чекаат резултатите на крајот од март, за да видат колкав е бројот на оние кои се попишале како Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, Хрвати, Египќани… јас сум цврсто убеден дека кампањите на невладините организации од сите различни етнички заедници веќе покажаа дека Северна Македонија не е бинационална, туку е мултиетничка држава. А овој успех понатаму треба да се искористи да помалкубројните заедници заеднички ги артикулираат своите потреби во образованието и културата, како и по прашањата за употреба на јазиците и симболите, медиумите на јазиците на заедниците, правичната и соодветна застапеност…

Отворени врати

Ова е посебно важно во контекст кога сите невладини организации на помалкубројните заедници имаа отворени врати во Министерство за политички систем, Агенцијата за остварување на правата на помалкубројните заедници (АОПЗ), како и Владата, со јасна политика волја да им се помогне во нивните кампањи, како и артикулирање и решавање на нивните проблеми, што исто така покажува еден нов квалитет кој не беше дел од минатите пописни циклуси. Невладините организации на помалкубројните заедници, одржаа консултативни состаноци со првиот Вицепремиер, г. Артан Груби, Националниот координатор на Владата за интеркултурализам и едно општество, г. Роберт Алаѓозовски, а сѐ тоа во присуство на раководството на АОПЗ.

Останува сега да ги дочекаме резултатите од пописот, па да бидат основа врз која институциите, политичките партии, невладините организации и интелектуалците заедно ќе можат да креираат политики во интерес на сите граѓани и сите етнички заедници.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ