Косовскиот премиер Албин Курти за време на Економскиот форум во Скопје зборуваше зошто мисли дека шефот на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ја избрал Северна Македонија како локација за следната средба на високо ниво меѓу Косово и Србија.
Курти рече дека веруваа оти ваквиот избор на Борел е затоа што Скопје е најголемииот град најблиску до Приштина, но и затоа што се работи за голем импакт врз целиот регион од страна на земјава.
„Северна Македонија, додаде тој, е земја која напредува во однос на демократијата, правото и европската интеграција, а во 1999 година во Куманово е потпишан и Кумановскиот договор, по кој следеше влезот на НАТО на Косово“.
Според него, овие симболични елеменети придонеле за Борел следната средба за дијалогот да ја закаже токму во Скопје.
Иванов: Чест е што Курти и Вучиќ ја избраа Македонија за земја домаќин
Новинарот, воедно и политички аналитичар Зоран Иванов за ЦИВИЛ Медиа истакна дека треба да бидеме горди што Македонија е избрана за место на средбата, со што докажуваат дека имаат верба во заедничкиот сосед.
„Па, на земјава, прво, би требало да и биде чест што Вучиќ и Курти ја одбрале за средба. Со тоа, на некој начин, тие праќаат порака дека имаат доверба во својот заеднички сосед. Второ потврдуваат дека Македонија како држава членка на НАТО е и партнер кој со својата политика нуди и безбедност во регионов“, рече Иванов.
Н. Абдурахмани