ЗОРАН ИВАНОВ
Живна македонскиот журнализам, грст млади паметни и храбри новинарки и новинари истражувачи и, исто така, грст прекакалени борци против лажни вести, омрази, корупции, пропаганди, кампањи, политизации и партизации, а наспроти моќните редакциски партиски и бизнис центри и тамошни уредници пропагандисти маскирани со лажни патриотизми, многу посакувано го затресуваат овој наш криминализиран и тендеризиран коруптивен простор и, ете, ако за ништо друго, кажано во само оваа една реченица, токму затоа ни треба ЕУ па макар сто години да го одиме тој пат послан со услови, стандарди и вредносни правила кои претпочитаат доминација на еднаквост и правнен поредок и, затоа, најновите новинарски подвизи, секако доколку како многупати досега не заталкаат во темните лавиринти на нашето правосудство и не пропаднат во бездната на длабоката држава, се тој надежен зрак светлина низ пукнатината на манипулативното македонско информативно новинарство.