• Latest

Црна дамка на белиот образ на ДИК

December 5, 2017

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Црна дамка на белиот образ на ДИК

December 5, 2017 15:12
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Колку Државната изборна комисија е должна да ја информира јавноста за тоа колку чини  привилегираната услуга за остварување на уставно гарантираното гласачкото право.

Посебно ако имаме предвид дека низ годините и не ѝ беше многу тешко, ниту пак, нешто се „уби“ од работа да ја заштити јавноста и нејзиното уставно загарантирано право, со акцент на уставноста.

И кога ЦИВИЛ, како организација со долгогодишно изборно мониторирање ќе праша за буџетот, јавните набавки, патните трошоци, бонусите, наградите… тогаш навлегува во подрачје оградено со бодликава жица.

Затоа што, таксативно побараните информации од јавен карактер:

Документација (повик, одлуки, договори), како и информации за видот  и вредноста на јавните набавки, поврзани со набавка на комуникациска опрема (телефони, мобилни телефони и друго) од буџетот на ДИК, список со имиња и информација за висината на поединечните месечни примања на членовите на Државната изборна комисија, (9-те члена, вклучително и Претседателот и неговиот заменик), список со имиња и и информација за висината на поединечно исплатените награди, односно хонорари или бонуси на членовите на Државната изборна комисија (9-те члена, вклучително и Претседателот и неговиот заменик), информација за висината на поединечно исплатените надоместоци за трошоци за патување (по член на Државна изборна комисија и вкупно), информација за исплатените износи за репрезентација (по член на Државна изборна комисија и вкупно), информација за исплатените износи за прекувремено работење (по член на Државна изборна комисија и вкупно), и нормално пристап до годишниот буџет на Државната изборна комисија. Сите информации се побарани за 2016 и 2017 година.

И не се од јавен интерес.

Односно не се од јавен каракртер и за истите ДИК не е должна да приложи информации.

Е сега, ако Избирачкиот список ви е во невиден хаос, ако Општиниските изборни комисии, во зависност од изборните процеси, се недоволно едуцирани или недоволно информирани што треба да преземат во критични моменти, ако избирачките одбори се составени од партиски и партиски (нема непартиски) членови, ако Изборниот законик крахира на клучни прашања, а гласачите имаат глас, ама немаат право да го искористат, нели ви се чини дека, не само што се преплатени, туку и буквално се навлезени во навиката да се живее на „висока нога“.

И сега алармот и мртов на нозе ќе дигне, ама медумите глуви. Барем со едно уво да слушнеа, можеби нешто ќе покренеа во јавноста, која ништо не слушна, ништо не гледа, па нормално и дека нема што да каже.

И ова се однесува на случајот ДИК, да бидеме до крај коректни и јасни.

„Како да било повеќе од извесно дека ДИК ќе ја заврши работата беспрекорно, па однапред заслужува мобилни, бонуси и разни други исплати, како дополнување на платите кои, ете, не биле податоци од јавен карактер.

Секако, Државниот завод за ревизија би требало да биде во состојба да побара одговор на овие прашања. Можеби ДЗР ќе биде доблесно и ќе се придржува до законите и ќе ги сподели тие информации со нас. “(Колку мобилни и по која цена се набавени во ДИК?, колумна на Џабир Дерала, Плусинфо, 09/11/2017).

Ниту ЦИВИЛ, ниту Дерала, ниту јавноста, доби поинаков одговор од веќе добиениот. Ниту пак,  „шокантното расипништво“, како што го нарекува Дерала во денешната колумна(Шокантното расипништво на ДИК-овците, Плусинфо, 5/12/2017,) магично ќе исчезне со оваа најавената јавно-тајна седница на ДИК во 14 часот.

Биљана Јордановска

Tags: ДИКизборни процесијавен карактертранспарентностЦивилЏабир Дерала
Share182TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ