• Latest

Црна Гора: Русија се обидува да го дестабилизиран Западен Балкан

December 13, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Црна Гора: Русија се обидува да го дестабилизиран Западен Балкан

December 13, 2017 08:57
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Државните авторитети успешно одговорија на странските обиди да го попречат евроатлантскиот пат на Црна Гора на минатогодишните парламентарни избори, а во тој момент од круцијална важност беше поддршката од сојузниците, изјави синоќа црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ на Зимската безбедносна работилница во Подгорица. 

– Развојот на информациски и комуникациски технологии значително ја промени природата на денешните конфликти, а информацијата како ресурс од стратешко значење, стана главно средство на модерното војување, истакна Бошковиќ. Тој оцени дека кибер заканите и хибридното војување станаа дел од современите предизвици кои е тешко да се предвидат.

Претседателот на Атлантскиот совет на таа земја Саво Кентара оцени дека Русија со дезинформирање настојува да го дестабилизира Западен Балкан и да ги подрие демократските напори и напредокот на земјиоте од регионот. Тој додаде дека треба да се очекува Русија да продолжи да се позиционира како геополитички противник на западните демократии, јави Радио телевизија Црна Гора.

Кентара изјави дека минатата година Русија се вмешала во претседателските избори во САД и со тоа го нападнала интегритетот на американскиот демократски систем, а подоцна истото и го направила на Црна Гора.

– Русија ја искористува отвореноста на демократските општества, со цел од внатре да ги подрие со активни мерки, што всушност претставува политичка војна, истакна Кентера.

– Не можеме да очекуваме дека Русија, базирана на разузнавачките мрежи, да се откаже од употребата на својот најразвиен апарат и да престане да се меша во внатрешните работи на државите кои ги смета за противници, тврди Кентера.

– Во случајот на Русија, дезинформирањето е еден од инструментите за спроведување стретешки надворешнополитички интереси, јакнење на руската меѓународна политика и заштита на руските економски интереси. Тој дополни дека борбата против дезинформациите не смее да биде борба на „оган против оган“.

Од друга страна, амбасадорката на САД во Подгорица маргарет Уехара изјави дека членството на Црна Гора во НАТО довело до три позитивни резултати, односно ја потврдува политиката на отворени врати на НАТО, ја поттикнува безбедноста и стабилноста на регионот и ја нагласува користа од реформи, посебно на владеење на правото и доброто управување.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БалканбезбедностдестабилизацијаНАТОРусијаЦрна Гора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ