• Latest

Каде се парите за превоз на прилепските средношколци?

September 7, 2016

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Каде се парите за превоз на прилепските средношколци?

September 7, 2016 10:57
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На прилепските средношколци кои живеат во руралните средини не им е обезбеден бесплатен превоз, што е нивно законско право. Од почетокот на учебната година, учениците на настава доаѓаат со автобуси, комбиња или нивните родители ги носат со свои приватни возила, на сопствен трошок. Реакциите на родителите не стивнуваат, но надлежните молчат.

Моника и Живко Степаноски од прилепското село Тополчани револтирани затоа што, еве веќе четврт ден оддвојуваат по 160 денари за да ги платат трошоците за превоз на својата ќерка до средното училиште „Орде Чопела“ во градот, денеска се обратиле и до градоначалникот Марјан Ристески. Но, наместо средба со Ристески или друг надлежен во Општината, биле запишани во списокот граѓани, кои треба да чекаат на ред.

„Покрај книгите што ги купуваме, овој е дополнителен трошок, значи од својот џеб треба да го плаќаме превозот за нашите деца, кои доаѓаат во Прилеп. Дневно нѐ чини 160 денари, а месечно би дошло преку 100 евра. И не е само тоа, детето го праќаме од село, мора да има пари и за храна, треба нешто да јаде денеска. А, од каде да најдеме пари? Се занимаваме со земјоделство, но субвенциите за тутунот, за млекото, не ни се исплатени и не можеме вака да врземе крај со крај. Доколку општината не најде начин да ги плати трошоците, јас на моја одговорност ќе го блокирам патот за Прилеп-Битола, на клучката кај Тополчани“, изјави Живко Степаноски во разговор со граѓанскиот новинар Зоран Милошески, соработник во проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ.

Освен Степаноски, до редакцијата на ЦИВИЛ, со свои реакции се обратија и други жители на прилепските села. Тие првично реагирале во фирмата „ДАНИ-транс“, која што минатата година го добила тендерот за превоз на ученици. Од сопственикот Слободан Велјаноски добиле одговор дека прилепските училишта не ги платиле обврските ниту за минатата година.

ЦИВИЛ Медиа го праша сопственикот на фирмата превозник зошто за средношколците од прилепско нема превоз годинава. Велјаноски е категоричен дека нема да врши превоз сѐ додека не му бидат исплатени преку милион денари, долг за минатата година.

„Имам потпишано договор за превоз на ученици со пет училишта. Во едно училиште ми плаќаат помалку отколку што е договорено, а јас вршев превоз на поголем број ученици. Ми платија само еднаш, околу 160.000 денари за октомври. Оттогаш до денеска ми должат просечно по исто толку средства месечно. Директорите на училиштата креваат рамена, немаат одговор, велат дека општина Прилеп не им ги префрлила парите. Но, јас ќе одам до крај, парите мора да ми ги исплатат. Одговор барав од советникот за образование, Марјан Матракоски, но безуспешно, до денеска пари на сметката нема“, вели Велјаноски.

Советникот за образование во Општина Прилеп, Матракоски, не одговари на нашите телефонски повици и пораки. ЦИВИЛ побара одговор и од општина Прилеп. Одделот за односи со јавност нѐ упати на кабинетот на градоначалникот Ристеsки, но и оттаму не добивме никаков одговор.

Од Министерството за образование и наука пак се децидни дека одговорот за проблемот треба да се бара исклучиво во oпштина Прилеп.

„Согласно со закон и според однапред утврдената динамика, која што им е позната на општините, сите блок дотации од Министеството се трансферираат навреме. Според тоа, кои се причините што општина Прилеп не ги исплатила парите, таму треба да го барате одговорот. Општината распишува тендер и ги одредува критериумите за превозниците“, изјави за ЦИВИЛ, Горан Галевски, портпарол на Министерството за образование и наука.

После сѐ, останува нејасно каде се парите наменети за превоз на прилепските средношколци и кој ќе им ги покрие трошоците на родителите?!?

Моника Талеска

 

Tags: transportГраѓански објективграѓанско новинарствозлоупотребаМарјан РистескиобразованиеПрилепсредношколциЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ