• Latest

Кој ќе ги претставува младите на Македонија во РИКО?

September 21, 2016
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кој ќе ги претставува младите на Македонија во РИКО?

September 21, 2016 17:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младите во Македонија во овој период го бираат својот претставник во Управниот одбор наРегионалната канцеларија за соработка на младите на Западен Балкан (РИКО). Секоја од шестте земји кои се дел од РИКО, во Управниот одбор испраќа по два претставника. Првиот го бираат државните институции кои се дел од процесот (во Македонија: Агенцијата за млади и спорт, Министерството за надворешни работи, Националната агенција за мобилност, Министерството за образование и Министерството за култура…), додека вториот претставник го бираат младите кои се претставници на граѓански организации што се дел од работната група одговорна за изборот на младинскиот претставник.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Симона Младеновска, од студентската организација „Излез“, како една од членките во работната група.

12803009_905282646237235_5320728206462841107_n

Симона Младеновска, член на работната група

„Работната група бара да се даде на значење на важноста на транспарентност на изборот. Нам не ни е важно името на претставникот, битен ни е начинот на кој се бира, да биде легитимен, да одговара на критериумите и да има знаење и квалификации да придонесе за бенефит на младите во Македонија“, вели Младеновска.

Последниот претставник на младите во РИКО, Фатон Положани, во моментов е заменик министер за транспорт и врски.

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) денеска објави соопштение во кое се посочува дека Агенцијата за млади и спорт на нерегуларен и нетранспарентен начин се обидува да го избере младинскиот претставник.

„Социјалдемократската младина на Македонија бара веднаш да престане обидот на ВМРО-ДПМНЕ преку АМС, за инсталирање на ‘свој човек’ во ова тело. Младите сами ќе ги бираат своите претставници! Тоа нема да го прави ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту било која партија. Од ова отстапки нема! РИКО не е Студентскиот парламент на Универзитетот ‘Кирил и Методиј’ (СПУКМ), па да се бираат претставници по принципот ‘некое ливче нека снема’, или со интервенција на полициски сили. Младите заслужуваат вистински свои претставници, а не нечии гласници“, се вели во соопштението.

Ams_slika_1

Како реакција на соопштението на СДСМ, од АМС порачаа: „Процесот на избор на младинскиот претставник во РИКО е еден од најотворените и најтранспаретните процеси кои се водени од страна на Агенцијата за млади и спорт и воопшто, во нашата држава. Конечниот избор треба да биде извршен од работна група која брои 66 членови, а не од самата Агенција за млади и спорт. Во таа насока, апелираме до СДСМ да не ја манипулира јавноста и да се воздржи од злоупотреба на процесот на формирање на Регионалната канцеларија за младинска соработка – за собирање политички поени во предизборниот период“.

13728939_992339010864931_5195251353142057872_nНа ова претходеше и ставот на Националниот младински совет. „Нетранспарентноста и непрофесионалниот однос од страна на Агенцијата за млади и спорт го кочат изборот на младински претставник за РИКО. За таа цел, НМСМ апелира институциите да дозволат младите да изберат свој младински претставник за Регионалната канцеларија за младинска соработка. Во Работната група се примени членови, номинирани од граѓански организации кои не се активни според Централниот регистар на Република Македонија. АМС не дозволува да се има јавен увид во сите апликации и во целата документација произлезена од конкурсот објавен за проширување на работната група. Право на глас имаат и членовите на Работната група кои се претставници на институции, a кои веќе имаат свој загарантиран претставник. Нема достапна и целосна листа на имињата на членовите на Работната група и организациите преку кои секој член се има номинирано. Еден од кандидатите за Управниот одбор беше член на Работната група, што е спротивно на критериумите во повикот“, се вели во соопштението на НМСМ.

Рокот за пријавување на кандидати за младински претставник (на повикот кој вторпат се објавува, откако првиот пат, никој од кандидатите не успеа да добие доволен број на гласови) истекува денес на полноќ.

Марија Теговска

Tags: АМСМакедонијамладиНМСМработна групаРИКОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ