• Latest

Маневски: Пропагандата го узурпира јавниот простор!

May 12, 2017
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува освен посебен сообраќаен режим?

October 2, 2026
ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА | конфронтација, дисквалификација и исклучивост (илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА)

Политичка култура на исклучивост и конфронтација: Политики заробени во минатото, без одговори за сегашноста и иднината

October 2, 2026

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Маневски: Пропагандата го узурпира јавниот простор!

May 12, 2017 14:41
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски, долгогодишен новинар, со богато искуство и од СФРЈ и од Македонија, актуелен сопственик на ТВ Ирис од Штип, за ЦИВИЛ Медиа зборува за социјалната правда и за узурпацијата на јавниот простор во Македонија.

„Социјална правда може да има само кога ќе имаме еднаков однос кон средствата за производство. Проблемот во Македонија е што државата економијата и општеството се базираат врз една неправедна формула, таа се нарекува транзиција. Не може да биде транзиција нешто што трае 27 години! Тоа е состојба, а состојбата произведува нееднаков однос“, вели Маневски.

Тој нагласува дека чувството за социјална неправда се рефлектира врз младите во земјата кои бараат излез во некои други општества, кои можеби и не се поправедни, но даваат поголема надеж.

„Ние многу често знаеме да кажеме дека, еве сега, ќе има избори, па новите политичари ќе ни го сменат животот. Тоа едноставно не е можно! Не може никој да смени нешто што има одреден ток, има законитости. Не може никој да нè смени нас, ако ние не се смениме. Сметам дека потребата од синдикално, или левичарско организирање, колку тоа и да изгледа бласфемија, е нужно. Нѝтреба некој кој ќе ги артикулира интересите на луѓето кои се чувствуваат маргинализирани. Ние треба да го подобриме чувството за социјална правда кај најголемиот број на граѓани кои така се чувствуваат“, ни изјави Маневски.

Тој вели дека јавниот простор не е слободно поле.

„Пазарот не ги регулира работите, а не ги регулира затоа што овде влезе волунтаризмот на политиката. Нема подобри и полоши, сите сме ние граѓани на Република Македонија. Узурпацијата на јавниот простор е пропаганда! Ако Пол Круман вели дека маркетингот е можност на грдото лице да му дадете убава шминка, ние правиме негација на таа законитост. Ние правиме потполно ново лице, потполно нова пропаганда, непостоечки свет… И кога се урна, тој се урна заедно со сите социјални последници“, вели Маневски.

„Ние се доведовме во ситуација ПР-формата да е поголема од новинарската. Политичарите сметаат дека светот кој тие го произведуваат е вистината. Со време, почнуваат тие да веруваат, почнуваме ние да веруваме и одеднаш, не ни е важно колку ќе имаме плата на први, или како стои дефицитот во Македонија, туку ни е важно што ќе каже лидерот… Сето тоа е социјална, политичка и новинарска узурпација на јавниот простор“, дециден е Маневски.

Новинар и монтажа: Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов

[divide]

Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

 

Tags: Војо Маневскиинтервјујавен просторМедиумипропагандасоцијална правдаШтип
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ