• Latest

Неизвесни референдумите во Дојран и Валандово!

June 13, 2017

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Неизвесни референдумите во Дојран и Валандово!

June 13, 2017 09:38
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов, не ја потпишал одлуката на Советот за референдумско изјаснување на граѓан(к)ите, што требаше да се одржи в недела, на 18 јуни, ниту пак ја објавил во Службениот весник.

Според дел од медиумите, Стамов им соопштил на советниците дека одлуката не е потпишана бидејќи се водел од препораките на Државниот инспекторат за локална самоуправа, дека одлуките на Советите по 24 март – не се легитимни. Од друга страна, советниците од СДСМ побарале свикување вонредна седница, најдоцна до следниот понеделиник, за градоначалникот да даде одговор зошто не ја потпишал одлуката, како можност за донесување нова одлука за референдум.

Наводно, советниците дознале дека одлуката не е потпишана, откако од правната служба на Општината побарале податоци за избирачките места, при што биле информирани дека референдумот нема да се одржи?!

Со опструкции се соочува и иницијативата „Спас за Валандово“, од каде велат дека претседателката на Советот, Јасмина Сечкова, не сака да свика седница на Советот и да го распише референдумот, иако се собрани потребните над 2.000 потписи.

„Целта на претседателката е да го одложува референдумот до отворање на рудникот. Законски таа има рок од 60 дена да свика Совет. Нејзиниот план е да го свика Советот на 59-иот ден и со тоа да добие уште 60 дена за распишување на референдумот. Затоа, од денеска ние настапуваме со радикални протести“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Роберт Марков од иницијативата „Спас за Валандово“.

Од иницијативата за денеска од 11 часот најавија блокада на магистралниот пат Валандово – Гевгелија – Демир Капија, за што, уште од вчера почнаа активности за мобилизирање на незадоволните граѓан(к)и.

„Локалните референдуми се исклучително важни за демократските процеси во едно општество. Тие директно влијаат врз квалитетот на работата на институциите и сведочат за учеството на граѓанките и граѓаните во процесите на донесување одлуки. Опструирањето на ваквите иницијативи е неприфатливо и антидемократско. Во целост ги поддржуваме иницијативите за локални референдуми и бараме од институциите час поскоро да им излезат во пресрет на нивните барања! Ние, како организација која ги набљудува изборните и политичките процеси во земјата, ќе останеме на терен и ќе ги набљудуваме состојбите“, изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Tags: ВаландовоДојраннабљудувањеопструкцииреферендумЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ