• Latest

ПССЕ: Ги охрабруваме политичките субјекти да не ја пропуштат шансата!

February 18, 2016

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ПССЕ: Ги охрабруваме политичките субјекти да не ја пропуштат шансата!

February 18, 2016 12:26
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Нема сомневање дека Договорот од Пржино, содржи важни и позитивни чекори за подобрување на изборната рамка, и континуитет во реформскиот процес. Формирањето на Специјалното Јавно обвинителство, е исто така, значаен момент кој ние го поздравуваме”, се вели во заедничкото соопштение на претставниците на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа – ПССЕ, кои во изминатите три дена беа во посета на Скопје, Тетово и Гостивар.

12736085_10153568986148740_180727310_n

На денешната прес-конференција Лиза Кристоферсен од Норвешка, од групата на социјалисти, коизвестител на пост-мониторинг дијалогот со Македонија, ја истакна важноста да се исполнат сите услови за обезбедување на фер и демократски избори.

“Од разговорите кои ги имавме со политичките лидери кои се вклучени во процесот, со компетентните министри, со Државната изборна комисија, и останатите чинители, заклучивме дека постојат различни гледишта за степенот на исполнување на Договорот.”, изјави Кристоферсен.

Валериј Гилецки од Молдавија, од групата на европски народни партии, потсети дека сите политички партии и по изборите, треба да бидат посветени на решавање на проблемите кои излегоа на површина со политичката криза, и да се фокусираат на имплементирање на клучните приоритети, особено во делот на независноста на судството, борбата против корупцијата и слободата на медиумите.

“Со оглед на тоа дека организирањето на предвремени избори, беше договорено од сите политички сили, ние ги охрабруваме да не ја пропуштат ова шанса, да продолжат со преговорите и да направат компромиси, со цел да се постигне состојба, кога ќе можат да се организираат значајни избори. Сé ова во интерес на народот”, рече Гилецки.

Двајцата претставници од делегацијата на ПССЕ се едногласни дека нивната улога не е да решат дали постојат услови за фер и демократски избори на 24-ти април, туку да го набљудуваат процесот и да апелираат изборите да бидат демократски. На новинарско прашање за нивниот став за подготвеноста на Македонија да организира демократски, фер и слободни избори, двајцата гости не одговорија директно, туку посочија дека ќе ја почекаат утрешната оценка на Европската Комисија и ставот на експертите од ДИК.

Марија Теговска

Tags: ДИКЕУизбориМедиумипресЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ