• Latest

Шкариќ: Од 27 април тече уставниот рок за доделување мандат!

May 10, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шкариќ: Од 27 април тече уставниот рок за доделување мандат!

May 10, 2017 10:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот рок за доделување мандат, тече од денот на конституирање на новото Собрание. Доколку претседателот на државата не го додели мандатот во тој рок, на потег е парламентарното мнозинство, коешто има обврска, непосредно да го примени Уставот. Ова се оценките на д-р Светомир Шкариќ, експерт за Уставно право, во разговорот за ЦИВИЛ МЕДИА, анализирајќи ја актуелната состојба во државата пред клучниот чекор, формирање идна влада, а по конституирање на новото Собрание.

ЦИВИЛ МЕДИА: Собранието е веќе конститутирано, парламентарното мнозинство на 27 април 2017, на продолжената конститутивна седница го избра новиот претседател, Талат Џафери, којшто со допис го извести претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Вчера, во „Службен весник“  излезе и Одлуката, со којашто Џафери е избран за нов парламентарен спикер. Кога е крајниот рок претседателот Иванов да го додели мандатот на мандатарот на идната влада, Зоран Заев?

ШКАРИЌ: Уставниот рок е 10 дена од конституирање на Собранието, а моментот е изборот на претседателот. Тоа е строго толкување на Уставот, рокот тече токму од конституирањето на Собранието, што значи, од 27 април. Денот на објавување на Одлуката во ‘Службен весник’, не го условува уставниот рок, туку моментот на конституирање на парламентот. Ниту објавувањето на Одлуката, ниту дописот што се испраќа до претседателот! Клучен момент е денот на изборот на претседател на Собранието, со што се заокружува конституирањето на новиот парламент. Така што, Иванов има можност веднаш да го додели мандатот, да не чека 10 дена! Прво е конституирањето на Собранието, второ е одлуката за избор на претседател, што значи да се официјализира со објавување во „Службен весник“, но тоа нема правно дејство врз рокот за давање мандати. И трето, известувањето на претседателот на Собранието дека е формирано парламентарно мнозинство, со што му овозможува на претседателот на државата, да го даде мандатот и без да чека да истече рокот од 10 дена. Ова посебно е значајно, во услови кога многу прашања чекаат за разрешување од Собранието, како што се локалните избори.

ЦИВИЛ МЕДИА: Според тоа, рокот од 10 дена е изминат? Што ако претседателот Иванов, не го додели мандатот?

ШКАРИЌ: По истекот на рокот од 10 дена, Собранието е на потег. Изборот на владата е во рацете на парламентарното мнозинство, бидејќи сите уставни услови за доделување на мандатот се исполнети. Во случај претседателот да не го додели мандатот, тогаш Собранието непосредно го применува Уставот. Секој од нас има за задача – непосредно да го примени Уставот, ако некој орган го крши или не постапува според одредбите. Според тоа, Собранието има обврска непосредно да го примени Уставот и да ја избере владата. Изборот на нова влада е во рацете на парламентарното мнозинство, коешто произлегува од волјата на граѓаните, формирано на парламентарните избори одржани на 11 декември.

ЦИВИЛ МЕДИА: Значи, следен чекор е претседателот Џафери, да закаже нова собраниска седница?

ШКАРИЌ: Штом преседателот не го доделува, нема кој друг да го додели мандатот, затоа на нова седница парламентарното мнозинство има право да формира нова влада. Но, претседателот на Републиката не смее да го запира функционирањето на државните институции, туку да ја олеснува нивната работа, да дејствува повеќе морално и неутрално, како модератор на уставниот систем.

Моника Талеска

Tags: 27 априлд-р Светомир ШкариќЃорге ИвановЗоран Заевконститутивна седницамандатмандатарнова владапретседателСобраниеТалат ЏафериУставуставен систем
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ