• Latest

10 јануари: Одлагања, преговори, дезинформации и хистерија

January 10, 2019
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

10 јануари: Одлагања, преговори, дезинформации и хистерија

January 10, 2019 17:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската седница за уставните измени никако да започне

Откако повеќе пати беше закажувана и откажувана седницата на која требаше да се гласа за уставни измени, истата е презакажана за утре во 12 часот.

На дневен ред на седницата се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Неизвесно е двотретинското мнозинство

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција изјави дека сѐ уште се во разговори со БЕСА на Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.

Тој рече дека не може во моментов да каже дека се обезбедени 80 пратеници, но и дека е подготвен да го преземе својот дел од одговорноста.

„Секој треба да ја преземе одговорноста за процесот. Ако нема мнзоинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ставивме сѐ на оваа карта. Во политиката, како што се земаат ловорики, така се понесува и одговорност. Немам предрасуди, дојде моментот на одговорноста. Или ќе нѐ има 80 или ќе следува одговорност“, вели премиерот Заев, и при тоа подвлекува дека сепак верува и очекува да биде обезбедено потребното мнозинство.

Протестите продолжуваат

Пред Собранието во исто време се одржува протест во организација на здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“, против уставните измени.

И денеска на демонстрантите им се приклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој, за разлика од вчера, кога одби да им се обрати на присутните и за тоа беше исвиркан, за денеска најави свое обраќање од пред Собранието.

Паника, хистерија и дезинформации

„Тројца пратеници се заклучени во Собранието каде што е присутен и локалниот раководител на ЦИА, Дејвид Стивенсон, и врз нив се врши невиден притисок за да гласаат за уставните измени, обвини лидерот на Единствена Македонија“ – Јанко Бачев.
Тој тврди дека пратениците во Собранието биле заклучени по наредба на американскиот амбасадор Џес Бејли.
Бачев побара итно да дојде и јавниот обвинител и да даде налог за апсење бидејќи се врши притисок врз тројца народни избраници. Дополнително, Бачев го повика и претседателот Ѓорге Иванов да дојде и да не молчи бидејќи, како што рече, во Собранието се случува државен удар.

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, ги демантира наводите на лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, дека во Собранието на Република Македонија заклучени се држат тројца пратеници.

„Ја информираме јавноста дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија.

Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободно.

75. седница на Собранието на Република Македонија се одвива според воспоставениот ред како и за секоја друга седница“, се вели во реакцијата на Талат Џафери.

Македонија останува „хибриден режим“

Според Индексот на демократија на британскиот неделник „Економист“, Македонија се искачи за 10 места во споредба со минатата година и моментално се наоѓа на 78 место со 5,87 поени.

Република Македонија спаѓа во категоријата на „хибридни режими“, кој ги опфаќа земјите со поени од 5,98 до 4,06.

Оценети се вкупно 167 држави според 60 показатели во пет категории: функционирање на владата, политичко учество, изборен процес и плурализам, демократска политичка култура и граѓански слободи.

Соопштение на ЦИВИЛ: Опструирањето на Преспанскиот договор не е патриотски чин!

ЦИВИЛ – Центар за слобода преку соопштение најостро ги осуди партиите, односно пратениците што намерно и од позиции на теснопартиски и/или лични интереси го опструираат процесот на спроведување на Преспанскиот договор од кој произлегува потребата за уставните измени.

Истовремено, ЦИВИЛ ги повикува сите пратеници што ѝ мислат добро на земјата, да го докажат тоа со давање поддршка на уставните измени.

„Без оглед на тоа дали се работи за искрени побуди или за пазарење, отсуството на поддршка за уставните измени не е патриотски чин.

Ги охрабруваме пратениците да донесат мудра, храбра и државничка одлука и да покажат единство кога се работи за големи историски одлуки како оваа“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

#Перспективи2019

ЦИВИЛ Медиа продолжи со објавување на серија интервјуа и текстови со кои ја рекапитулира политичката и општествената реалност на годината што изминува и се обидува, преку разговори со избрани експерти и јавни личности да ги открие перспективите на претстојната година.

Пред јавноста сега е новиот серијал „Перспективи 2019“ во кој за сега може да ги погледнете ставовите на Розета Трајан, Мирјана Малеска, Мерсиха Смаиловиќ, Мирјана Најчевска, Хусеин Адеми, Марта Гусар. и Фатон Алити.

М. Ивановска
Фотографија: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ