• Latest

12 јуни: 164 нови случаи на КОВИД-19, утре завршува вонредната состојба, Пендаровски ги повика лидерите да се договорат за избори

June 12, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

12 јуни: 164 нови случаи на КОВИД-19, утре завршува вонредната состојба, Пендаровски ги повика лидерите да се договорат за избори

June 12, 2020 16:21
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Нема нова вонредна состојба, Пендаровски ги повика Заев и Мицкоски на средба

Претседателот Стево Пендаровски не ја продолжи вонредната состојба, затоа што биле обезбедени доволно количини на медицинска заштитна опрема за сите граѓани и биле донесени економски мерки за поддршка за националната економија.

Пендаровски истакна дека изборите се неопходни за да добиеме функционален наместо распуштен Парламент и легална и легитимна наместо техничка влада.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Ивановска: ДКСК ќе ангажира 20 набљудувачи што ќе помогнат во мониторингот на избората кампања

„Ќе се ангажираат 20 набљудувачи и тоа пет лица во Првата изборна единица, четири во 5 и 6 ИЕ, три во 2 изборна единица и две во 3 и 4 ИЕ“, изјави Ивановска на денешната прес конференција, истакнувајќи дека ангажманот на овие набљудувачи е со меѓународна поддршка.

ФЛЕШ ВЕСТИ: 

Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје 85, Куманово 24, Дебар 3, Штип 5, Прилеп 3, Тетово 18, Струга 5, Охрид 9, Гостивар 2, Гевгелија 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Македонски Брод 1, Валандово 1, Свети Николе 2, Ресен 2 и Неготино 1, двајца починати и 12 оздравени пациенти.

Во изминатото деноноќие 1.022 лица не носеле маски, за 231 решенија за изолација, а за 161 во самоизолација.

Мора да имаме функционално Собрание и Влада која ќе може да носи одлуки, бидејќи оваа состојба со коронавирусот ќе потрае, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

ДИК денеска на работен состанок ја разгледува владината Уредба за продолжување на изборните дејствија за параламентарните избори и врз основа на неа ќе ги започне активностите за гласање.

Министерството за здравство дозволите за употреба на средства за дезинфекција ги дава по брза постапка во рок од два дена, со обврска на производителот кога ќе заврши вонредната состојба да ја заврши постапката за регистрирање на производот, информираше денеска Горан Трпеновски од ДКСК.

ДКСК: ИВЗ пет години не доставила извештај за работењето до Централен регистар

Здружението на новинарите на Македонија денеска одржа вебинар на тема: „Нови трендови во локален и регионален контекст во законодавството за клевета и навреда“, на кој свое обраќање имаше и министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска.

Околу 140.000 работни места се задржани благодарение на мерката за финансиска поддршка на фирмите заради исплата на платите, оценува министерката за финансии Нина Ангеловска.

ЦИВИЛ: Избори на 5 јули, државата веќе не може да си дозволи одложување

ЦИВИЛ ги повикува политичките партии да донесат решение за конечно одржување на предвремените парламентарни избори во Република Северна Македонија. По бројните одложувања на нешто што требаше да бидат брзи предвремени парламентарни избори, нашата земја веќе нема ниту еден ден за чекање. На земјата итно ѝ се потребни функционални институции, Парламент и Влада со целосен капацитет.

Претседателот Стево Пендаровски јасно и недвосмислено ги образложи своите одлуки за воведување на вонредната состојба во изминатиот период: Вонредната состојба нема врска со статистиките од ширењето на коронавирусот, туку со потребата да се овозможи носење одлуки во општествено-економските и здравствените сфери.

Одложувањето на изборите од 21 јуни на 5 јули веќе е неприфатливо големо поместување на датумот за избори. Нашата држава веќе не може да си дозволи техничка влада што е составена за да организира парламентарни избори, а не да се бори со тешка закана за здравјето и животот на луѓето. Оваа држава веќе не може да си дозволи ни целосно отсуство на Парламент.

Ако нема Парламент, нема ни демократија.

ДИК со првични подготовки за спроведување на предвремените парламентарни избори

На барање на Владата, Државната изборна комисија го разгледуваше спорот меѓу министерката за финансии и дополнителната министерка за финансии – дали потпишување на заем со Светска банка е прашање на организација на изборите, или за справување со пандемијата со Ковид-19.

Самоувереноста на Заев

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Откако Зоран Заев синоќа му соопшти на ДУИ дека е време да оди во опозиција, за очекување е дека ДУИ до недела ќе го промени ставот дека се за избори на 5 јули. Ако заради ништо друго, тогаш за да го понижат Заев со тоа што ќе му покажат дека, дури и за договор за самиот датум за избори, тие се јазичето на вагата кое одлучува во кавгите помеѓу власта и опозицијата. А и за на сите да им докажат дека се сериозни со инсистирањето идниот премиер да биде Албанец – како одговор на претрпениот шок од предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА.

Ангела Петровска 

во соработка со: Биљана Јордановска, Дехран Муратов 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ