По повод 17 декември, Меѓународен ден за ставање крај на насилството врз сексуалните работници, по 13-ти пат во Скопје се одржа мирен собир, во организација на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини. Оваа година, кампањата носи наслов НИЕ и е посветена на борбата против насилството и дискриминацијата со кои се соочува оваа заедница, особено во кризни ситуации како што е актуелната состојба со КОВИД-19 пандемијата.