• Latest

18 јануари: Реформи, протести, корупција и закон за јазици

January 18, 2019

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

18 јануари: Реформи, протести, корупција и закон за јазици

January 18, 2019 17:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пазарџиите на протест

Пазарџиите утрово излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија во знак на револт спрема новиот закон, со кој се бара од нив да обезбедат лиценци и им се забранува на пензионерите да продаваат на пазарите, со што им се наложуваат нови обврски и им се зголемуваат давачките.

Имено лиценците за тезги, кои ќе ги издава Стопанската комора на Македонија, чинат 3600 денари, а за втора тезга треба да одвојат 2400 денари.

Согласно новиот закон пензонерите, социјалните случаи, стечајците и хонорарците нема да можат да работат на пазарите во земјата.

Со носење на Законот за употреба на јазиците се става крај на национализмот 

Владата на Република Македонија во врска со ширењето лажни вести и невистини за примената на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија ги соопштува следните факти:

„Законот за употреба на јазиците во Република Македонија, беше донесен соодветно на предвидените процедури во Собранието на Република Македонија. Опозицијата ги имаше сите можности амандмански да учествува во усовршувањето на законот. Опозицијата сама донесе одлука да не учествува во политичкиот процес на донесување на Законот за употреба на јазиците.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични за Џафери, Ибраими и Костовски за Законот за јазиците 

ВМРО ДПМНЕ поднесе кривични пријави против лицата Талат Џафери, Неџбедин Ибраими и Мартин Костовски, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353, „Злосторничко здружување“ по чл.394 и „Саботажа“ по чл.315 од КЗ.Законот за двојазичност е штетен и ќе предизвика далекусежни последици по Република Македонија, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ќе имаат право да пријават корупција

Собранието на Република Македонија со 81 гласа „за“ по скратена постапка го донесе Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси (17/1/2019). Со тоа заврши десетмесечното чекање да се помрднат процесите во сферата на борбата против корупцијата од мртва точка. 

Министерката за правда, Рената Дескоска изјави дека се работи за квалитетен европски закон во кој се инкорпорирани препораките на Европската комисија и експертската група на Рајхард Прибе.

Во однос на вчерашното донесување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси министерката за правда, Рената Дескоска, се огласи на својот фејсбук профил каде ги искоментира вчерашните толкувања на медиумите во однос на донесениот Закон за спречување на корупција и судир на интереси.

„Со оглед на тоа што се појавија погрешни толкувања дека наводно граѓаните немало да можат да пријавуваат корупција, сакам да укажам на некои законски одредби од новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси:

1. Во членот 7 изрично е гарантирано правото на секој да пријави корупција.
2. Во членот 23 е гарантирано дека ДКСК покренува постапка по сопствена иницијатива или по добиена претставка.
3. Во делот за финансирање на партиите, секој може да даде иницијатива до ДКСК и ако таа е основана ДКСК по службена должност покренува постапка. Невладините организации, партиите се наведени како покренувачи на постапка чии иницијативи се испраќаат до партиите на одговор.
4. Во изборна кампања, секој има право да пријави корупција. Учесниците во изборите и набљудувачите имаат и право на приговор и ако не се задоволни од одлуката на ДКСК имаат право на тужба до Управен суд!“, напиша Дескоска.

Социјалната реформа во Македонија позитивен пример за социјални иновации од светот 

Министерката за труд и социјална политика присуствуваше на настанот за промоција на книгата „Размислувања за социјалните иновации“, посветена на социјалните светски практики. Во книгата се претставени повеќе од 60 примери за добри практики, меѓу кои е вклучена и социјалната реформа која во моментот се реализира во Македонија.

„Наша цел е да изградиме систем на социјална заштита кој обезбедува квалитетен живот за сите и од кој ќе има бенефит целото општество, а не само поединци. Токму ова е суштината на социјалната реформа, со која им помагаме на преку 40.000 граѓани трајно да излезат од сиромаштија, а исто така драстично ја намалуваме и детската сиромаштија. Градиме систем во кој никој нема да биде заборавен, и кој ги опфаќа сите ранливи категории. Нудиме трајни решенија, овозможуваме шанса за секој, но истовремено ги третираме и големите општествени проблеми“, изјави Царовска.

#Перспективи2019

ЦИВИЛ Медиа продолжи со објавување на серија интервјуа и текстови со кои ја рекапитулира политичката и општествената реалност на годината што измина и се обидува, преку разговори со избрани експерти и јавни личности, да ги открие перспективите за 2019 година.

Пред јавноста сега е новиот серијал „Перспективи 2019“ во кој за сега може да ги погледнете ставовите на Розета Трајан, Мирјана Малеска, Мерсиха Смаиловиќ, Мирјана Најчевска, Хусеин Адеми, Марта Гусар, Фатон Алити, Сашко Попоски  , Сашо Орданоски, Арианит Џафери , Акиф Кариман и Огнен Јанески.

А. Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ