• Latest

24 ЧАСА: Ротации во владата; Чорнобил под силен ризик од руските напади; Енергетска криза поради криминални тендери; 13 години од Црниот понеделник

December 24, 2025
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Ротации во владата; Чорнобил под силен ризик од руските напади; Енергетска криза поради криминални тендери; 13 години од Црниот понеделник

December 24, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Кадровски промени во владата

Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот Хоџа и Сали дадоа свечени изјави пред пратениците.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски пред Собранието ги образложи предлозите Мухамет Хоџа да биде министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции.

Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

СДСМ: Енергетската криза е последица на криминални тендери и неспособност на Владата, а не на протестите во Грција 

Кризната состојба во енергетиката не е предизвикана од протестите во Грција, туку е директен резултат на криминални тендери, лошо планирање и сериозна неспособност на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обвини денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Од СДСМ посочуваат дека официјалните податоци говорат за огромни финансиски загуби во енергетскиот сектор. Само во првите два квартали од годинава, загубата изнесува 77 милиони евра, а проекциите покажуваат дека до крајот на 2025 година таа ќе надмине 100 милиони евра.

„Ова се поразителни бројки и јасен доказ за целосен распад на енергетското управување. Наместо стабилен систем, имаме хаос, загуби и криза која намерно се префрла на грбот на граѓаните“, велат од СДСМ.

РЕГИОН

Изборната комисија ги поништи предвремените избори за претседател на РС во 17 изборни единици на 136 избирачки места

Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина ги поништи предвремените избори за претседател на Република Српска во 17 изборни единици на 136 избирачки места. Ова беше одлучено на состанокот на 24 декември.

СВЕТ 

Заштитниот штит на Чoрнобил може да се сруши по руските напади, предупредува директорот на централата 

Заштитниот штит изграден над поранешната нуклеарна централа Чорнобил може да се сруши по рускиот напад претходно оваа година, изјави директорот на централата Серхиј Тараканов во интервју за АФП  објавено на 23 декември, пренесува Кијив Индипендент.

„Никој не може да гарантира дека објектот за засолниште ќе остане таму по тоа. Тоа е главната закана“, предупреди Тараканов.

Четвртиот реактор во нуклеарната централа Чорнобил доживеа топење на реакторот во април 1986 година, што доведе до затворање на локацијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Изјавата на градоначалникот на Скопје – Орце Геогиевски е веројатно најлошата форма на отфрлување на сопствената одговорност за лошиот воздух во градот, пред се во доменот кој е секогаш негов! Тој изјави дека биле посетени некои загадувачи и дека истите биле казнети. И толку! Па вие верувајте ако сакате – тој си постави огради меѓу себе и јавноста на наједноставен ама и најдрзок начин.“, пишува Љубомир Костовски во клумната „Соопштението на градоначалникот на Скопје – новата магла во скопската магла “.

„На 24 декември 2025 се навршуваат 13 години од „црниот понеделник“, денот кога власта на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, насилно ги исфрли новинарите и опозициските пратеници од Собранието за да го протурка буџетот за 2013 година без расправа и без демократски легитимитет легитимност. Година дена подоцна, годишнината ја одбележаа десетина активисти за демократија и човекови права, со банер на кој пишуваше „Борбата продолжува“. Но банерот беше подолг отколку што имаше луѓе да го држат, па помогнаа неколку новинари. Само една година подоцна!“, пишува Џабир Дерала, во колумната „Нека е честит црниот понеделник“.

Подготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ