• Latest

Соопштението на градоначалникот на Скопје – новата магла во скопската магла

December 24, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Соопштението на градоначалникот на Скопје – новата магла во скопската магла

December 24, 2025 13:51
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Изјавата на градоначалникот на Скопје – Орце Геогиевски е веројатно најлошата форма на отфрлување на сопствената одговорност за лошиот воздух во градот, пред се во доменот кој е секогаш негов! Тој изјави дека биле посетени некои загадувачи и дека истите биле казнети. И толку! Па вие верувајте ако сакате – тој си постави огради меѓу себе и јавноста на наједноставен ама и најдрзок начин.

Замислете дека сте новинар во некоја пристојна земја со соодветен однос кон информирање на јавноста. И дека треба да ја известите јавноста како соодговорен во информирање на сограѓаните за такви суштински настани, особено врзани за една страшна реалност – во еден миг вашиот град е најзагаден во светот! А претходно бил втор по загаденост во Европа, што значи дека ситуацијата е од лоша полоша.

Катастрофална!

И седнувате вие како новинар на работната маса и почнувате според основната лекција во новинарството да пишувате вест за да одговорите на основните правила за известување.

1. Кој ги посетил загадувачите, по функција и по институција, бидејќи, белким таа задача ја извршувале овластени и секако стручни поединци и правни лица. Одговор на ова прашање – нема. Навистина, се споменува Државниот инспекторат за животна средина ама зошто токму тие инспектори не излезат пред јавноста и не известат пред новинарите што виделе и да дадат други битни детали.

2. Кога се случиле тие посети, дали биле најавени или изненадно извршени е второто можно прашање. Соопштението содржи одредница „претходните два дена“ (претпоставка е дека тоа било во неделата и понеделникот, но можеби уште во саботата и неделата (20 и 21 декември) кои се неработни денови. И дали постои доволен меѓупростор да се изврши надзорот во такви и толку денови со сите потребни анализи, за да се извлечат заклучоци кои несомнено би воделе кон казнување што демек се случило?
Во тие рамки е неопходно да дознаеме како е извршен изборот на оние кои ја загадуваат атмосферата во градот, по кој критериум се пошло кон таа задача и каде била „погодена целта“ а каде морале да се извинуваат за вознемирувањето? Ако имале кому во периодот кој и не бил работен а не се работи за загадувач кој не функционира нон-стоп?

3. Колкава е висината на казните за оние кои биле „погодени“? Дали казните се парични, се состојат ли во некои управно-извршни дејствија (забрана за работа, временски или трајно или до исполнување на некои задачи со нова контрола на извршувањето). Ако се казните парични, дали се тие исплатени и кон кого. Мислам дали се тие само „запишани во тефтерчето“ на некој што го држи не само во државата туку и во партијата? И кој од казнетиот може да направи траен должник …

4. Па конечно кои се тие правни субјекти кои го уништуваат здравјето на граѓаните? Дали се домашни или странски субјекти и дали се токму од градот и кој раководи со нив?

Би можеле да ги прошириме прашањата на кои не е одговорено во соопштението на градоначалникот а кое всушност не содржи ништо, просто е само една голема нула. Прв и единствен жирант на вистината која не се ни ѕирнува во тој текст (соопштение) треба да е човекот кој одвај собра 90 илјади гласачи од половина милионски град со право на глас, со сета политичка и медиумска поткрепа зад себе и стана најмалку омилениот прв човек на функцијата коаја сега ја врши.

И ајде сега да извагаме што претежнува – неодговорените прашања за загадувањето од неговото соопштение за казнетите загадувачи по сите основи на една страна (ако ги има) и неговиот кредибилитет како кандидат на друга страна?


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ