• Latest
Фото: МоД

24 ЧАСА: Армијата добива 9 милиони евра од Европскиот мировен фонд; уставните измени се чекор кон интегрирање во ЕУ; Светска банка предвидува раст на економијата во земјава од 2,5 одсто

January 10, 2024
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Армијата добива 9 милиони евра од Европскиот мировен фонд; уставните измени се чекор кон интегрирање во ЕУ; Светска банка предвидува раст на економијата во земјава од 2,5 одсто

January 10, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: МоД

Фото: МоД

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд. Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет милиони  евра.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ѓунер Исмаил: Уставните измени се чекор кон интегрирање во ЕУ, но и кон затворање на отворените прашања

„Уставните измени беа само еден чекор кон интегрирањето во ЕУ, но и затворање на отворените прашања. Ние за жал, се уште го живееме распадот на Југославија, затоа што распаѓањето не е само едно рушење на куќа. Ние тоа се уште го живееме затоа што Македонија спаѓа на отсечката од тој фронт, во период кога во светот се води една огромна војна, која не е толку далеку од нас, колку што нам ни се чини, а тоа е руската агресија врз Украина, посочи Исмаил додавајќи дека такви структури што работат за туѓи интереси има и во сегашната опозиција.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи…

ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ  Северна Македонија е дел од Зелената агенда за Западен Балкан, а зелените политики во измината година ги води во правец на обновливи извори на енергија (фотоволтаици, ветерници), инвестирање во зелени бизниси и подготовка на Закон за климатска акција…

КРИВИЧЕН СУД  Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5 јануари, со кои на четири лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ…

ИНТЕГРАЦИИ ЕУ јасно ја истакна својата посветеност на евроинтеграцијата на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан. Пристапувањето во ЕУ зависи од спроведувањето на реформите, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за поддршката од девет милиони евра од Европскиот мировен фонд за потребите на Армијата на земјава…

ТЕХНИЧКА ВЛАДА „Иако генерално се мисли дека техничката влада не треба да постои, јас мислам дека е една добра вежба за тоа како можат да функционираат сите партии во иста рамка во интерес на државата. Таа влада затоа постои со временски ограничен рок“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ…

ИМУНИТЕТОТ НА ТРАМП  Американскиот апелационен суд во Вашингтон ги доведе во прашање тврдењата на Доналд Трамп дека е имун од кривична пријава за обид за поништување на изборите во 2020 година, додека поранешниот претседател се закани дека ќе го гони Џо Бајден доколку се врати во Белата куќа…

МЕДИУМИТЕ ВО ТУРЦИЈА Секој трет турски новинар е невработен, а 95 отсто од медиумите во земјата се под контрола на владата, се вели во соопштението на Здружението на новинари на Турција (ТГЦ), објавено по повод денешното одбележување на Денот на работните новинари во Турција…

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Пропагандниот филм на Кремљ за војната во Украина, кој целосно пропадна на кино благајните во Русија минатата година, сега треба да биде прикажан во Италија до крајот на месецот, и покрај тоа што предизвика огромни реакции…

КОНФЛИКТИ

  • Еквадор е во состојба на „внатрешен вооружен конфликт“ откако синоќа тешко вооружени гангстери упаднаа во студиото на една од најголемите телевизии во Еквадор за време на програма во живо, додека криминалните банди започнаа серија координирани напади низ јужноамериканската земја…

АНАЛИЗИ

Замислете светла и проѕирна канцеларија во која одеднаш ќе наидете на изолиран темен простор кој едноставно не се вклопува во логиката на планирањето на редакцијата и никој не може да каже за што всушност е наменет. Членството на ТАСС, руската државна новинска агенција, стана токму таков мрачен простор во светлата „канцеларија“ на Европската алијанса на новински агенции (ЕАНА). Членството на ТАСС беше суспендирано во февруари 2022 година, но неговото конечно исклучување од Алијансата сè уште не стана реалност, пишува Наталија Костина, шефица на меѓународната канцеларија во Укринформ во анализата „ТАСС – црната дупка во европскиот медиумски простор“.

Во текот на 686 дена, Украинците покажаа херојски отпор и продолжуваат да прават многу навидум невозможни работи, вклучително го спречија рускиот план за блицкриг, ја продолжуваат херојската одбрана, ги обновуваат критичните инфраструктурни објекти, цивилите храбро го издржуваат ракетниот терор и масовното гранатирање. Целите на рф, кои толку крвнички и упорно ги искажува раководството на кремљ, се „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина, и денес остануваат почетна точка на државата агресор, пишува Лариса Дир, вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија во анализата „Формулата за мир е основата за враќање на безбедноста“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Денес, проф. д-р Весна Костовска, објави кус по обем, но значаен текст на потсетување и учено, аргументирано валоризирање, цитирајќи го најмеродавниот авторитет во нашата литература и лингвистиката на втората половина на дваесеттиот век, професорот  Блаже Конески, за вредноста и значењето на најскапоцената книга во нашата државотворна историја (19-ти и 20-ти век) од Крсте Петков Мисирков издадена во Софија (Бугарија) во 1903 година, пишува Борко Зафировски во колумната „ ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ: Историјата по патот на една книга“.

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во Украинаизјавиконфликти
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ