ВЕСТ НА ДЕНОТ
Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд. Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет милиони евра.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Ѓунер Исмаил: Уставните измени се чекор кон интегрирање во ЕУ, но и кон затворање на отворените прашања
„Уставните измени беа само еден чекор кон интегрирањето во ЕУ, но и затворање на отворените прашања. Ние за жал, се уште го живееме распадот на Југославија, затоа што распаѓањето не е само едно рушење на куќа. Ние тоа се уште го живееме затоа што Македонија спаѓа на отсечката од тој фронт, во период кога во светот се води една огромна војна, која не е толку далеку од нас, колку што нам ни се чини, а тоа е руската агресија врз Украина, посочи Исмаил додавајќи дека такви структури што работат за туѓи интереси има и во сегашната опозиција.
ФЛЕШ ВЕСТИ
РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи…
ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ Северна Македонија е дел од Зелената агенда за Западен Балкан, а зелените политики во измината година ги води во правец на обновливи извори на енергија (фотоволтаици, ветерници), инвестирање во зелени бизниси и подготовка на Закон за климатска акција…
КРИВИЧЕН СУД Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5 јануари, со кои на четири лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ…
ИНТЕГРАЦИИ ЕУ јасно ја истакна својата посветеност на евроинтеграцијата на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан. Пристапувањето во ЕУ зависи од спроведувањето на реформите, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за поддршката од девет милиони евра од Европскиот мировен фонд за потребите на Армијата на земјава…
ТЕХНИЧКА ВЛАДА „Иако генерално се мисли дека техничката влада не треба да постои, јас мислам дека е една добра вежба за тоа како можат да функционираат сите партии во иста рамка во интерес на државата. Таа влада затоа постои со временски ограничен рок“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ…
ИМУНИТЕТОТ НА ТРАМП Американскиот апелационен суд во Вашингтон ги доведе во прашање тврдењата на Доналд Трамп дека е имун од кривична пријава за обид за поништување на изборите во 2020 година, додека поранешниот претседател се закани дека ќе го гони Џо Бајден доколку се врати во Белата куќа…
МЕДИУМИТЕ ВО ТУРЦИЈА Секој трет турски новинар е невработен, а 95 отсто од медиумите во земјата се под контрола на владата, се вели во соопштението на Здружението на новинари на Турција (ТГЦ), објавено по повод денешното одбележување на Денот на работните новинари во Турција…
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
Пропагандниот филм на Кремљ за војната во Украина, кој целосно пропадна на кино благајните во Русија минатата година, сега треба да биде прикажан во Италија до крајот на месецот, и покрај тоа што предизвика огромни реакции…
КОНФЛИКТИ
-
Еквадор е во состојба на „внатрешен вооружен конфликт“ откако синоќа тешко вооружени гангстери упаднаа во студиото на една од најголемите телевизии во Еквадор за време на програма во живо, додека криминалните банди започнаа серија координирани напади низ јужноамериканската земја…
АНАЛИЗИ
Замислете светла и проѕирна канцеларија во која одеднаш ќе наидете на изолиран темен простор кој едноставно не се вклопува во логиката на планирањето на редакцијата и никој не може да каже за што всушност е наменет. Членството на ТАСС, руската државна новинска агенција, стана токму таков мрачен простор во светлата „канцеларија“ на Европската алијанса на новински агенции (ЕАНА). Членството на ТАСС беше суспендирано во февруари 2022 година, но неговото конечно исклучување од Алијансата сè уште не стана реалност, пишува Наталија Костина, шефица на меѓународната канцеларија во Укринформ во анализата „ТАСС – црната дупка во европскиот медиумски простор“.
Во текот на 686 дена, Украинците покажаа херојски отпор и продолжуваат да прават многу навидум невозможни работи, вклучително го спречија рускиот план за блицкриг, ја продолжуваат херојската одбрана, ги обновуваат критичните инфраструктурни објекти, цивилите храбро го издржуваат ракетниот терор и масовното гранатирање. Целите на рф, кои толку крвнички и упорно ги искажува раководството на кремљ, се „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина, и денес остануваат почетна точка на државата агресор, пишува Лариса Дир, вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија во анализата „Формулата за мир е основата за враќање на безбедноста“.
СЛОБОДНА ЗОНА
Денес, проф. д-р Весна Костовска, објави кус по обем, но значаен текст на потсетување и учено, аргументирано валоризирање, цитирајќи го најмеродавниот авторитет во нашата литература и лингвистиката на втората половина на дваесеттиот век, професорот Блаже Конески, за вредноста и значењето на најскапоцената книга во нашата државотворна историја (19-ти и 20-ти век) од Крсте Петков Мисирков издадена во Софија (Бугарија) во 1903 година, пишува Борко Зафировски во колумната „ ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ: Историјата по патот на една книга“.
Подготви: Д. Мишев