• Latest

24 ЧАСА: Израел повторно ја презеде контролата во Газа; Русија и Хамас користат иста тактика; 76 отсто од испитаниците со поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“

October 9, 2023
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Израел повторно ја презеде контролата во Газа; Русија и Хамас користат иста тактика; 76 отсто од испитаниците со поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“

October 9, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Израел-Газа, утрински воен извештај: Втора ноќ на хаос, жестоки борби и бомбардирање

Израел го бомбардира опколениот Појас Газа втора ноќ по ред, откако официјално објави војна против палестинската група Хамас. Израелската одбрана соопшти дека околу 100.000 резервни војници се веќе во близина…

Израелската војска го обвинува Хамас дека користи цивили како жив штит

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ја обвинија палестинската исламистичка група Хамас дека користи цивили како „жив штит“,

Високи израелски офицери меѓу заробените – Хамас тврди дека држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво во Газа

Висок функционер на Хамас соопшти дека групата држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво по нападот врз Израел. – Високи израелски офицери се меѓу заробените, рече Муса Абу Марзук.

Израелската војска повторно ја презеде контролата врз сите заедници околу Газа

Израелската војска соопшти дека повторно ја презела контролата врз сите заедници околу Газа, повеќе од 48 часа откако Хамас започна ненадејниот напад во кој беа убиени повеќе од 700 луѓе….

Сирени за ракетни напади се слушаат во Тел Авив, Ерусалим и други израелски градови

Сирени за тревога за ракетни напади се слушаат во Ерусалим, Тел Авив и други градови во Израел, јави ДПА. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Израелската телевизија…

Израел мобилизира 300.000 резервисти по нападот на Хамас

Израел мобилизира околу 300.000 резервисти како одговор на големиот напад на милитантите на Хамас, потврди армискиот портпарол…

Појасот Газа под целосна опсада, нема да има струја, храна, гориво

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека наредил „целосна опсада“ на Појасот Газа, како дел од израелската борба против милитантната група Хамас….

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски на Парламентарното собрание на НАТО: Русија и Хамас користеа иста тактика

„Не силувајте жени. Не убивајте. Не третирајте ги децата како трофеи. Не полнете села и градови со крв. Не пукајте во цивили во автомобили… Тоа треба да биде основата“, рече Зеленски и додаде дека Хамас и Русија ја користеле истата тактика и дека израелските новинари кои биле во Украина и биле сведоци на последиците од злосторствата таму сега гледаат дека истото се случува и во нивната татковина.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Херасимјук: Се влошува состојбата со безбедноста на новинарите во Украина и низ цела Европа

При низата настани поврзани со темата на медиумската активност, присутните забележаа дека состојбата со безбедноста на новинарите се влошува низ цела Европа. Ако во Украина првенствено се работи за проблем поврзан со војната, тогаш во другите земји биле забележани и физички закани и психолошки притисок.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КРИВИЧЕН ЗАКОНИК  Министерството за правда смета дека Блупринг групата не треба да избрзува со предвремено излегување од Работната група за изготвување на новиот Кривичен законик.

ОТВОРЕН БАЛКАН Дури 76 отсто од испитаниците изразија поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“, покажува последната анкета објавена од „Фокус“.

НАЈНИЗОК ДДВ Северна Македонија има најголема листа на производи, вкупно 1.600, со повластена стапка од пет отсто. Тоа се сите основни производи што се користат во најголеми количини и во најголем број од граѓаните.

НОВИ СУДИИ Судскиот совет денеска назначи шест нови судии во Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје од редот на кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители.

АЛ-ПРЕС

Известувачката за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, објави дека Европската унија подготвила низа мерки против Србија, како одговор на вооружениот напад на 24 септември во Бањска и Звечан. Две недели по терористичкиот напад, косовските власти продолжуваат со изнесување нови докази, соработникот на синот на Вучиќ вмешан во нападот во Бањска. Ова се само дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

МУЛТИКУЛТУРА

Ако зборуваме за сообраќајот, ние сме иницијатори на повеќе средби со командирите на полициската станица. Тие немаат гориво за возилата, немаат возила, немаат доволно кадар, тогаш, каде е прашањето? Дали безбедноста ни е нарушена само од заедницата, или од институциите не се спремни да одговорат на барањата?, вели Јалчин Неџипов, вработен во Општина Кочани, како одговор на коментар од учесниците на јавниот настан „Граѓански дијалози за односи меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, за нарушената безбедност во сообраќајот во Кочани.

Ќе се обидам да отсликам дел од состојбите кои не зближуваат и дел од состојбите кои прават разлики меѓу нас, а кои се една од можностите да се запознаеме меѓу себе, да ги пронајдеме правците во кои треба да одиме во иднина, и да ги дефинираме приоритетите кои ни се заеднички, рече градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, на почетокот од своето обраќање на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, што се одржа во Кочани минатата недела.

ЗЕЛЕНИ

Поповски на панелот на ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, смета дека скоро и да не инвестираме во нашите заштитени природни подрачја.

На панелот на Зелен ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, Морачанин истакна дека сме добар пример во искористувањето на обновливата енергија, и жал, тоа забрзување дојде со руската агресија врз Украина и енергетската криза што го забрза целиот процес.

АНАЛИЗА

Израелските заложници што ги зема Хамас, исто така, ќе го комплицираат израелскиот воен одговор во Газа, бидејќи заложниците најверојатно ќе бидат распоредени на начин што ќе го одвлече вниманието на Израел од воздушните напади во Газа кои би можеле да ги загрозат заложниците. Сепак, се чини дека тука има и поголем играч: обид да се стави крај на зближувањето меѓу Израел и арапските држави што почна сериозно за време на администрацијата на Доналд Трамп со Аврамските договори, пишува во анализата на Си – Ен – Ен во анализата „ Имаше ли нападот на Хамас скриена цел?“

Воената обука на милитантите на Хамас кои го нападнаа Израел може да ја обезбедат инструктори од Техеран и Москва. Руската трага во овој напад е јасно видлива.

„Воената обука на Хамас, кој го започна нападот врз Израел, може да биде обезбедена од инструктори од Техеран и Москва бидејќи руската трага е исто така јасно видлива овде – преку Иран, директно, преку можна финансиска помош за Хамас од Русија. Ако земеме Иран во овој синџир, ако Израел одлучи да изврши напади врз иранските воени капацитети, кои, на пример, произведуваат балистички ракети кои можат да ѝ бидат испорачани на Русија, тогаш Украина исто така може да има интерес од ова. Тоа е наш заеднички интерес и обединувачки фактор “, изјави Олександр Мусијенко, шеф на Центарот за воени и правни студии, во етерот на Украинското радио, извадок од анализата „Руската трага јасно видлива во нападот на Хамас врз Израел, иранскиот претседател изрази поддршка за палестинските милитанти, од Драган Мишев.

Подготви: Д. Мишев

Tags: ВестиЗелениизјавиМултикултураполитика
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ