• Latest

24 ЧАСА: Независните на избори со собрани два потписи; Зеленски и Трамп на разговори во Вашингтон; газени, претепани, заплашувани на протестите во Србија; интелектуалците на Балканот шират проруски наративи

August 18, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Независните на избори со собрани два потписи; Зеленски и Трамп на разговори во Вашингтон; газени, претепани, заплашувани на протестите во Србија; интелектуалците на Балканот шират проруски наративи

August 18, 2025 17:36
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДИК одлучи: Независните кандидати на изборите ќе учествуваат со собрани два потписи

Независните кандидати ќе можат со собрани два потписи од избирачи да се кандидираат на претстојните локални избори. Државната изборна комисија на последната седница вчера усвои Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна. А мирот мора да биде траен. Не како што беше пред години, кога Украина беше принудена да се откаже од Крим и дел од нашиот Исток – дел од Донбас – а Путин едноставно го искористи како појдовна точка за нов напад. Или кога на Украина ѝ беа дадени наводни „безбедносни гаранции“ во 1994 година, но тие не функционираа“, изјави Володимир Зеленски пред средбата со Доналд Трамп во Вашингтон.

РЕГИОН

Газени, претепани, заплашувани: Сведоштва од протестите во Нови Сад и Белград за N1

Во последните денови има зголемена ескалација на насилството на улиците во Србија. Граѓаните се сведоци на тепања, закани за силување и прегазување од автомобили, додека новинарите и активистите се цел на репресија…

СВЕТ

Трамп нагласи дека нема пат кон НАТО или враќање на Крим за Украина пред средбата со Зеленски во Вашингтон

Претседателот Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон доцна на 17 август, каде што треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на мировни преговори. Средбата има за цел да ја зајакне позицијата на Украина, додека Трамп врши притисок за брзо решение за да се стави крај на она што стана најсмртоносната војна во Европа во последните осум децении…

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

СЛОБОДНА ЗОНА

Влијанието на академиците не завршува во училниците или колумните. Тоа ја обликува јавната перцепција, го омекнува отпорот кон руската агресија и ги нагризува темелите на европската безбедност. Разобличувањето на овие наративи не е само прашање на исправка на фактите. Тоа значи да се разобличи улогата на елитите кои му позајмуваат кредибилитет на авторитаризмот, и да се потсети јавноста – и локално и меѓународно – дека додворувањето не е реализам. Тоа е соучесништво, пишува Џабир Дерала во анализата „Академски гласови, пропагандно ехо: Како интелектуалците на Балканот шират проруски наративи“.

Малески позира како умерен реалист, но неговите колумни не нудат ништо повеќе од „интелектуално“ покритие за руските пропагандни наративи. Во суштина, тоа е опасна апологија на политиката на додворување кон агресорите, со бришење на Украина како субјект и легитимизација на воените злосторства на Путин, пишува Џабир Дерала во колумната „Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите„!?

РЕПРИНТ

Овој текст е објавен на 1 март годинава по средбата на Претседателот на Украина во Овалната соба. Сметам дека треба да се потсетиме на тој неславен момент за американската администрација. Иако многу текстови излегоа од тогаш, сметам дека треба да го понудам на препрочитување овој текст, затоа што е илустрација за тоа како изгледа кога кукавиците ќе се сретнат со херои. Во овој момент на борбата за слобода, изборот на Америка (и светот) е помеѓу демократијата или покорување кон тиранијата, пишува Џабир Дерала во текстот „(РЕПРИНТ) Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот“.

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ