• Latest

24 ЧАСА: Одобрени првите кредити од унгарскиот заем; Руската агресија врз Украина треба да се казни, дециден Мицкоски; Г20 заврши без консензус за Украина и Газа

February 21, 2025

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Одобрени првите кредити од унгарскиот заем; Руската агресија врз Украина треба да се казни, дециден Мицкоски; Г20 заврши без консензус за Украина и Газа

February 21, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочовска во врска со унгарскиот заем. По средбата со претставниците од Сојузот на стопански комори (ССК), таа повтори дека компаниите кои ќе инвестираат во опрема и производство имаат предност кај банките. Според ССК, унгарскиот кредит е еден од најповолните и претставува скромна, но голема поддршка за фирмите.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мицкоски од Вашингтон: Руската агресија врз Украина треба да се казни

„Македонија е меѓу петте водечки донатори за Украина. Руската воена агресија без преседан против Украина и украинскиот народ, неиспровоцирана од ништо, е нешто страшно. Тоа мора да биде осудено. Треба да направиме сѐ што можеме за да му помогнеме на украинскиот народ и на Украина. Тоа е нашиот став. Зошто? Бидејќи Русија го оспорува и негира украинскиот идентитет и јазик. Тоа е страшно. Страшно“, изјави премиерот Христијан Мицкоски во директна дебата во Атлантскиот совет во Вашингтон.

РЕГИОН

Во Хрватска петти бојкот на трговците и давателите на услуги

Петти петок по ред граѓаните на Хрватска денеска ги бојкотираат маркетите и бензинските пумпи. Организаторот на бојкотот платформата „Ало инспекторе“ упати апел денеска да се бојкотираат и банките и телекомуникациските компании. Советникот на „Ало инспекторе“, Јосип Келемен најави дека платформата ќе доби „бесплатна и моќна алатка за корисниците во надзорот на пазарот“ изработена од хрватските програмери.

СВЕТ

Глобални кризи без решение – состанокот на Г20 во Јоханесбург заврши без договор

Министерите за надворешни работи на групата Г-20 се собраа на дводневен состанок во Јужноафриканската Република (ЈАР), но дискусиите за клучните глобални кризи, како војните во Украина и Газа, не резултираа со консензус. Дополнителна тешкотија беше одлуката на САД да не учествуваат во разговорите

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: СПАК ја обзнани стратегијата за истрага на изборен криминал; Досега се регистрирани над 160 000 гласачи од дијаспората за изборите во Албанија; Европратениците бараат да се забрза процесот на интеграција за Косово

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каква иднина има нашата земја на меѓународен план?

АНАЛИЗИ

„Во листата на најдоходовни фирми на земјава трговците на мало се држат одлично, дури и многу подобро од фирми што нашата свест ги прима како гиганти! Истите тие можат да се натпреваруваат и во регионални рамки. Македонските и хрватските трговци се пример за доходовност по вработен што е еден значаен индикатор. Таа моќ не може, а да не се рефлектира и по нивната позиција во однос на извршната власт, што создава сериозна криза во областа на економско-социјалните односи“, пишува Љубомир Костовски во анализата „БЛЕСКАВИОТ КАМЕН ВО КРУНАТА НА ПРОФИТЕРИТЕ: Македонските трговски фирми – меѓу најпрофитабилните во регионот“.

Подготви: Б. Ј.

Tags: Војна во УкраинаГ20Дневникунгарски заем
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ