• Latest

24 ЧАСА: Полициски притисок врз новинарите во Демир Хисар; Кондарко смета дека ни е потребен нов Изборен законик; Трамп нареди федерализирање на полицијата во Вашингтон; Украина гори, Газа гладува – а светот гледа настрана

August 12, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Полициски притисок врз новинарите во Демир Хисар; Кондарко смета дека ни е потребен нов Изборен законик; Трамп нареди федерализирање на полицијата во Вашингтон; Украина гори, Газа гладува – а светот гледа настрана

August 12, 2025 17:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Новинарите кои го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициските службеници, иако носеле новинарски легитимации

Новинарските екипи од СДК.МК и ТВ Телма, кои денеска го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар каде беше пријавено провалување во директорската канцеларија, беа легитимирани од полициските службеници….

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

-Од 2006 година па навака, 19 години повеќе од 30 пати се направени измени и дополнувања на Законот. Најголем проблем со кој се соочуваме е всушност самиот закон. Нас ни треба навремено донесен еден комплетно нов Изборен законик, каде што сите чинители во изборниот процес ќе партиципираат и ќе дадат свои предлози, искуства, интерактивна дискусија со стручната јавност. Се разбира крајната одлука е на Собранието, на политичките партии, тоа е нивна одговорност. Знаеме дека Изборниот законик се носи со поширок политички консензус и тоа така треба да биде заради довербата во процесот, рече Кондарко во вчерашното гостување на „Тема на денот“ на Телевизија Сител.

РЕГИОН

Претставници на „Тројката“ на БиХ ги предупредија амбасадорите на Квинта за „руските закани“ по пресудата на Додик

На состанокот на претставниците на Тројката, која ја сочинуваат Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина, партијата Народ и правда и Нашата партија, со амбасадорите од Квинта, беа разменети информации за „отворените и најдиректни закани на Русија кон Босна и Херцеговина“…

СВЕТ

Трамп нареди федерално преземање на полицијата во Вашингтон и мобилизација на Националната гарда

Претседателот Доналд Трамп објави дека го става полицискиот оддел на Вашингтон „под директна федерална контрола“ и распоредува трупи на Националната гарда во главниот град на нацијата, велејќи дека потегот има за цел враќање на редот во градот…

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

AНАЛИЗА

Дали со Концертниот караван организиран од 26.08 до 24.09, означен како патриотска мисија, културно будење и звук на националното единство, составен исклучиво од пејачки и пејачи – учесници на претходни изборни митинзи на една партија, уште еднаш се изнаоѓа начин да се заобиколат законските рокови, и трката за локалните избори да се започне пред предвидениот рок?- пишува Драган Мишев во анализата „По трагите на една естрадна иницијатива: Кој пее зло не мисли – си тера кампања“.

Последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити, во однос на улогата на УЧК првенствено во Северна Македонија, укажуваат на етничка поларизација, овој пат на самиот врв на државната извршна власт. Повод беше оценката на вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, висок функционер на коалицијата ВЛЕН, дека војната на Ослободителната војска на Косово (УЧК) во Косово и Македонија била „праведна и разумна“. На што, премиерот Мицкоски реагираше во сосема спротивставена насока, пишува Дијана Тахири во анализата „Мицкоски – Меџити: Етничка поларизација на ниво на премиер и вицепремиер“.

ДЕЗИНФО

Наместо да понуди план за поевтина храна, власта сервира сензационализам, надевајќи се дека ќе ја пренасочи јавната лутинa за скапотијата кон опозицијата. Ова е стара и валкана политичка игра – фрли малку скандал, малку патриотска реторика, па покриј ја економската немоќ. Но вистината е едноставна: додека Мицкоски „анализира“, граѓаните плаќаат. Но, и Мицкоски е подготвен, како што истакна, да плати политичка цена, пишува Дехран Муратов во колумната „Луксузни јахти и лигњи на Заев и Филипче – рецепт на власта за дефокус од скапотијата и празната кошничка“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Украина гори, Газа гладува, а светот гледа настрана. Ова е размислување за тоа како пасивноста на демократиите, тишината на институциите и лажниот баланс и самозадоволството на интелектуалците повикуваат на уште повеќе суровост и војни. Сè додека сè не се урне, пишува Џабир Дерала во колумната „И сè ова е само почеток“.

Подготви: Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ