• Latest

24 ЧАСА: Преку ИПАРД 3 нови 97 милиони евра за модернизација и развој на земјоделството; Не се очекуваат нови бугарски блокади по уставните измени; Прв неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Кијив

October 2, 2023

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Преку ИПАРД 3 нови 97 милиони евра за модернизација и развој на земјоделството; Не се очекуваат нови бугарски блокади по уставните измени; Прв неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Кијив

October 2, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Преку ИПАРД 3 нови 97 милиони евра за модернизација и развој на македонското земјоделство

Нови 97 милиони евра европски неповратни средства ќе бидат наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата. Финансиската спогодба за ИПАРД 3 денеска во име на Владата ја потпиша вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и министрите за финансии Фатмир Бесими и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Маричиќ: Не очекувам нови бугарски блокади по уставните измени

„Знаеме дека по завршувањето на уставните измени, автоматски треба да се свика втората Меѓувладина конференција и за тоа имаме цврсто уверување и од шпанското претседателство и од наредните… Секоја држава-членка во текот на преговорите може повеќе пати да отвори прашање, но мислам дека по завршувањето на уставните измени веќе никој, а особено Бугарија, нема да има кредибилитет да прават каква било блокада, бидејќи сметам дека беа доволно блокади.“, изјави меѓу другото вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Прв неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Кијив

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска ги покани министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ на состанок во Кијив. Тоа ќе биде прва таква средба што ќе се одржи надвор од ЕУ.

Кулеба: Украина ќе го почитува изборот на словачкиот народ

Шефот на украинската дипломатија Украина, Дмитро Кулеба денеска по победата на популистичката партија Смер-социјалдемократија, која се противи на помошта за Кијив, на парламентарните избори во Словачка, истакна дека Кијив ќе „го почитува изборот на словачкиот народ“.

Бербок бара „заштитен штит“ за Украина во зима

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска го повтори нејзиниот повик за „заштитен штит“ за Украина пред претстојната зима, откако пристигна на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија во Кијив.

Бугарија забрани влез на автомобили со руски регистарски таблички

До крајот на денешниот ден Бугарија ќе забрани влез на автомобили со руски регистарски таблички, најави шефот на бугарската гранична полиција Антон Златанов.

ФЛЕШ ВЕСТИ

УЧЕБНИЦИ Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека од денеска почнала доставата на учебниците за шесто одделение.

БУЏЕТ Милион евра се очекува да изнесува негативната финансиска импликација врз Буџетот со владината одлука за намалување на увозните давачки на одредени видови овошје и зеленчук, но со неа, според министерот за финансии Фатмир Бесими, значително ќе се влијае на цените на овие производи.

РОАМИНГ Како значаен исчекор кон регионална соработка и достапност на мобилната комуникација, Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан, потпишана на самитот ЕУ-ЗБ во Тирана на 6 декември 2022 година, официјално стапи во сила и го означи 1 октомври 2023 година како ден на промените.

Меѓународен ден на ненасилството – Нашиот свет се соочува со сериозни предизвици: растечки нееднаквости, зголемени тензии, зголемени конфликти и влошување на климатскиот хаос. Гледаме и продлабочување на поделбите во земјите – со демократија под закана и говор на омраза и нетрпеливост.  Можеме да ги надминеме овие неволји и да зацртаме пат кон посветла, помирна иднина. Ако разбереме – како што направи Ганди – дека  разновидноста е богатство, а не закана. Ако инвестираме во социјална кохезија, негуваме храброст за компромис и решителност за соработка. Ако се осигураме дека сите ние – без разлика на статусот, потеклото, околностите или верата – можеме да живееме достоинствено, со еднакви можности и права. Ако се обединиме околу нашата заедничка хуманост“, се вели во овогодинешната порака на Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Велика Британија испраќа 200 дополнителни војници во Косово; границите кај Јариње и Брњак се уште затворени; Косово бара повлекување на српските воени трупи од границите; Нови докази од нападот…

ДЕЗИНФО

„Лаги и млеко“ од кујните на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатата недела главни пропагандни теми со кои настапуваше во јавност опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беа наводното намигнување и испраќање бакнежи на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кон пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

Друга тема со која ВМРО-ДПМНЕ ги доведе граѓаните во заблуда е дека наводно на рафтовите во продавниците е пласирано канцерогено млеко од Србија со афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Мицкоски „загрижен“ за руското влијание во ЕУ додека коалицира со путинистот Стоилковиќ

„На Втората годишна конференција на ветерани на ВМРО ДПМНЕ, претседателот со најголем опозициски стаж, Христијан Мицковски, изрази жалење затоа што Европа повторно, според него по којзнае кој пат е доведена во заблуда, и дека е заложник на руската политика на Балканот, а ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имале прозападна ориентација.

Замислете, ова го вели лидерот на опозицијата која како коалиционен партнер, кој на координација седи десно од Мицкоски, го има докажаниот путинист и рашист, претседателот на  Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоилковиќ, кој беше во посета на Москва каде се одржуваше Безбедносен форум, во друштво со сличните на него, докажаните анти европските елементи од регионот, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е меѓу учесниците е и директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин.“, пишува Драган Мишев.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Нашата политичка сцена е како современ театар. Актерите имаат улоги кои шокираат, мора да се капат по сцената, да испуштаат разни неартикулирани гласови и да изговараат текст кој ниту го разбираат, ниту се трудат да го разберат.“, од Војо Маневски во колумната Жолти комбиња и црни УСБ.

„Претседателот на Беса, Билал Касами, и не само тој од актуелната македонска политичка орбита, пак најавува уцени, предупредува дека неговите немало да ги гласаат уставните за ЕУ доколку во највисокиот правен акт терминот “20%” не се замени со терминот “Албанци” што, гледано политички и не би било спорно, но ова само доколку, како што тврдат и некои експерти, тоа не би предизвикало тектонски уставно јазични дисторзии…“, пишува Зоран Иванов во коментарот „Врапчето в рака или гулабот на гранка“.

„Испаѓа дека Мицковски ја брани Европа од себеси, а ВМРО е повеќе прозападна отколку самата Европа, која е, според него, заложник на Русија. На ова ни најдобрите сатиричари што ги познавам или сум ги читал не би можеле да се сетат.“, од Џабир Дерала во колумната „Мицковски, бранителот на Европа“.

Подготви: Д. Тахири 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ