• Latest
АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

Мицковски, бранителот на Европа

October 2, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Мицковски, бранителот на Европа

October 2, 2023 12:43
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, ТОП 5
АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицковски секогаш страдал од недостаток на дефинирани и јасни ставови. Единствена препознатлива карактеристика во неговата „политика“ е неговото бескрајно и постојано повторувано НЕ. Неговата појава во македонската политичка историја ќе биде опишана како деструктивно, невротично инсистирање да дојде на власт по секоја цена, а во меѓувреме (се разбира) лично да се збогати.

Тој постојано ја „чести“ јавноста со своите бисери и делува како да не знае што зборува. Сериозноста (во обид) со која настапува, во комбинација со тоа што го кажува (еднаш едно, другпат друго, често спротивно) го прави прилично комичен. Неговата политичка кариера се карактеризира со интензивни и чести политички лупинзи.

Најновиот пример за неговата збунетост и конфузија, е неговиот став, искажан од партиската говорница пред „ветераните“ на партијата на 1 октомври. Тој „жали“ по Европа, која „е доведена во заблуда од страна на криминални политичари во Македонија и на Балканот“. Тој се досетил дека Европа, „исполнувајќи ги бугарските интереси“ да ти била „заложник на руската политика на Балканот“. И тоа го кажа човеков. А сè што прави ѝ оди од рака на руската агресивна политика. Тоа е.

Значи, не е тој блокатор на евроатлантските процеси (добро се сеќаваме на блокирањето на Преспанскиот процес кој доведе до наше членство во НАТО). Тоа да ти била самата Европа која паднала во заложништво на руските интереси на Балканот. Невидената поддршка за македонскиот јазик и идентитет од членките на ЕУ, придружен со условот да се внесат Бугарите во Уставот, заедно со уште пет други заедници, не е македонски дипломатски триумф, туку Мицковски е бранителот, не само на нашата земја, туку и на цела Европа. Фантастично! Како тоа 500-милионската ЕУ и сите останати во Европа не го видоа досега?

Комедијата продолжува со тврдењето на Мицковски дека „ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш во историјата биле и се стремеле и имале прозападна ориентација. Немало дилема, од самото формирање до ден денешен“. И оваа изјава може да послужи како граѓа за урнебесно смешна сатира. И ништо повеќе. Сериозно, овде зборуваме за партија која во изминатите децении континуирано се „прославува“ со радикална антизападна реторика и пракса.

Испаѓа дека Мицковски ја брани Европа од себеси, а ВМРО е повеќе прозападна отколку самата Европа, која е, според него, заложник на Русија. На ова ни најдобрите сатиричари што ги познавам или сум ги читал не би можеле да се сетат.

Сепак, ако се сетиме на периодот непосредно пред почетокот на целосната руска агресија против Украина, мајсторите на спинот, дезинформациите и пропагандата во Кремљ се обидоа да протурат сличен наратив преку Спутник и Раша Тудеј. Им пропадна тој пропаганден наратив, прилично неславно.

Сам по себе, Мицковски не би бил вреден за анализирање, но штетата што ја предизвикува од позиција на шеф на партијата, со својата појава и со деструктивноста и мракот со кои се служи за да ги скрие своите недостатоци, сепак, наметнува потреба ваквите наративи да се разобличат.

Со што се одликува протагонистот на оваа кратка сторија?

Тој е вообичаено конфузен и крајно недоследен, мислата му е несредена, појавата му е непријатна. На еден таков лик, најлесно му е на сè да каже НЕ и да ги блокира сите клучни процеси како што се евроатлантските интеграции, демократизацијата и јакнењето на мултикултурниот карактер на земјата. Горе-долу како Груевски, само многу полошо.

Тој е националист, антизападно ориентиран, крајно конзервативен лик во политиката, со тоа што мора секогаш да се има на ум дека е – непостојан и конфузен – така што, може да се случи да зазвучи и поинаку. Нема проблеми со реалноста, бидејќи ретко кога (може да се каже и никогаш) нема контакт со неа. Со други зборови, колку подобро за Македонија, толку полошо за Мицкоски – и обратно.

Со такви премиси, (релативно) лесно е да се води „политика“. Како во примерот погоре – да ја брани „кутрата“ Европа од Русија и од „криминалните политичари“. За среќа, наспроти Политички инфантилизам, неспособност и опседнатост, предводени од вечно намуртениот Мицкоски, кој со ништо не се согласува, не значи дека земјата нема капацитет за консензус. Само се потребни повеќе храброст и бескомпромисност.

ПС. Ово нема у Београду.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: блокадаВМРО-ДПМНЕЕУконфузијаМицкоскинедоследноструски интереси
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ