• Latest

24 ЧАСА: Протесна нота за отсуството на македонско знаме при посетата на државната делегација во Бугарија; посетата на Давкова не била државна, вели Радев; поради несогласувања со фон дер Лајен, еврокомесарот Бретон поднесе оставка

September 16, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Протесна нота за отсуството на македонско знаме при посетата на државната делегација во Бугарија; посетата на Давкова не била државна, вели Радев; поради несогласувања со фон дер Лајен, еврокомесарот Бретон поднесе оставка

September 16, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Државна делегација предводена од претседателката Сиљановска Давкова во Бугарија пречекана без макеоднското знаме

На 13 септември 2024 претседателката Сиљановска Давкова се сретна со бугарскиот претседател Радев, а министрите за надворешни работи и култура, Муцунски и Љутков со своите колеги во бугарската влада.На фотографиите од средбите изостанува македонското знаме, што предизвика бура од реакции во македонската јавност.

Од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, соопштија дека не реагирале поради почит кон бугарските пилоти кои загинаа тој ден, додека пак, Мицкоски изјави дека ако оо минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, се молчело, сега се решаваат работите дипломатски и се испраќаат протесни ноти. Протестната нота на бугарскиот амбасадор во земјава Желјаско Радуков, заради фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија, ќе му биде врачена денеска од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како што беше најавено претходно. Од МНР велат дека пред самата средба на шефовите на државите бил јасно утврден протоколот и прашањето на коешто МНР ќе побара одговор е зошто бугарската страна отстапила од претходно утврдениот протокол.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Радев со прв коментар по средбата со Сиљановска-Давкова: Посетата не беше ниту државна, ниту работна

„Очекувам оваа искажана желба за отвореност да ја преземе Владата на РСМ, но нека биде јасно дека ова не беше ниту државна, ниту работна посета. Се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Северна Македонија ќе оствари државна посета, која со сите официјални средби согласно протоколот ќе придонесе и за натамошен развој на нашите односи. Ако го следиме протоколот, на ред е јас да одам таму“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

РЕГИОН

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

Во голем број училишта во Србија денеска нема настава или е скратена, поради протести на просветните работници организирани на плоштадите и пред училишните управи откако репрезентативните синдикати на просветните работници не го прифатија предлогот на Владата за зголемување на платите од јануари за 12 отсто.

СВЕТ

Еврокомесарот Бретон поднесе оставка поради несогласувања со Фон дер Лајен

Европскиот комесар за внатрешен пазар и француски кандидат за член на идната Европска комисија, Тиери Бретон денеска поднесе оставка на функцијата и ја повлече својата номинација за еврокомесар. Во писмото на својата оставка упатено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен Бретон ја обвинува дека „го саботира“ и дека „создава неред“ за време на транзицијата кон новите институции на ЕУ. Фон дер Лајен ја прими и ја прифати оставка

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за скандалот на државната делегација во Бугарија?

Откако при посетата на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на Софија и на фотографиите од средбата со бугарскиот претседател Румен Радев се гледа дека во позадина го нема македонското знаме покрај бугарското и знамето на ЕУ, во јавноста се дигна голема галама.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Но некои прашања останаа непоставени. На кое минато мисли Мицкоски кога вели дека се понижуваше, распродаваше, газеше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата. На ова од август каде што е тој самиот фатен во невавидна положба, и потоа ја одмолче? И кои се тие двојни аршини за еден ист настан, само во зависност од тоа дали доаѓаат од исток или од запад? Зошто медиумите и јавноста не реагираа тогаш на настаните во Хрватска, како што реагираат сега за истото во Бугарија? Има ли некоја скриена позадина, особено ако се има предвид дека голем дел од медиумите, а и од јавноста работат и реагираат „под диктат“ од владејачката партија?“, пишува Драган Мишев во „Се откажува ли ДПМНЕ од државното знаме: Освен Сиљановска, и Мицкоски бил пречекан без македонското знаме во Хрватска“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: БугаријаГордана Сиљановска ДавковаДневникмакеодноско знамеРумен Радев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ