• Latest
ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Томислав Бушљета

Се откажува ли ДПМНЕ од државното знаме: Освен Сиљановска, и Мицкоски бил пречекан без македонското знаме во Хрватска

September 16, 2024
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Се откажува ли ДПМНЕ од државното знаме: Освен Сиљановска, и Мицкоски бил пречекан без македонското знаме во Хрватска

September 16, 2024 14:04
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Томислав Бушљета

ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Томислав Бушљета

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Од доаѓањето на ВМРО – ДПМНЕ на власт, како да стана практика македонските високи државни функционери при посетата на странски држави да бидат пречекувани без да се истакне македонското државно знаме.

И додека за последното неистакнување на македонскот знаме во Бугарија при посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државната делегација во која беа и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, како и министерот за култура Зоран Љутков, се дигна голема галама во јавноста, зачудувачки незабелижително помина истата скандалозна ситуација што се случи на 29 август при посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Хрватска.

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Заедно со Мицкоски во Хрватска беше и државната делегацијата во состав: министерка за образование, Весна Јаневска, министерот за здравство, Арбен Таравари, и истиот министер што беше и на средбата во Бугарија, неизбежниот Тимчо Муцунски, кој е можеби и најодговорен за овие дипломатски скандали.

ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Томислав Бушљета

При официјалната посета на  македонскиот премиер, Христијан Мицкоски на Хрватска, на средбата  со претседателот на земјата Зоран Милановиќ на објавените фотографии се гледа дека Македонскиот премиер и хрватскиот претседател се ракуваат додека во позадина се истакнати само знамињата на домаќинот Хрватска и знамето на ЕУ.

ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Томислав Бушљета

И додека премиерот Христијан Мицкоски, три дена по настанот, пост фестум изјавува пред домашната јавност дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава поради неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев при нејзината посета на Софија, забележително е отсуство на реакција за неистакнувањето на македонското знаме при неговата средба со Милановиќ во Загреб, и од страна на премиерот, и од страна на медиумите, и од страна на јавноста.

– Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, ќе рече денес Мицкоски, одговарајќи на поставените новинарски прашања .

Но некои прашања останаа непоставени. На кое минато мисли Мицкоски кога вели дека се понижуваше, распродаваше, газеше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата. На ова од август каде што е тој самиот фатен во невавидна положба, и потоа ја одмолче?

И кои се тие двојни аршини за еден ист настан, само во зависност од тоа дали доаѓаат од исток или од запад? Зошто медиумите и јавноста не реагираа тогаш на настаните во Хрватска, како што реагираат сега за истото во Бугарија? Има ли некоја скриена позадина, особено ако се има предвид дека голем дел од медиумите, а и од јавноста работат и реагираат „под диктат“ од владејачката партија?

Ќе собере ли сили Мицкоски да одговори и на овие новинарски прашања?


Текстот е личен став на авторот

Tags: ВМРО - ДПМНЕнеистакнување на државното знамеПремиерот Христијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ