• Latest

24 ЧАСА: Рамковниот и по 24 години потпалува националистички страсти; Украина не се откажува од Донбас, дециден Зеленски; протести на Алјаска против средбата Трамп-Путин

August 13, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Рамковниот и по 24 години потпалува националистички страсти; Украина не се откажува од Донбас, дециден Зеленски; протести на Алјаска против средбата Трамп-Путин

August 13, 2025 18:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Во Владата денеска се одржа свечена седница за одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата се обратија премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити.  Мицкоски изјави дека овој рамковен договор е долго злоупотребуван за жал од поединци, над 20 години од структури кои го користат национализмот како најдобра прекривка за заштита на криминалот и личните интереси. Меџити од друга страна изјави дека договорот не е само законска обврска туку политичка и морална мисија. Последица на формалната еднаквост е половичниот Закон за употреба на албанскиот јазик кој е оспорен пред Уставниот суд, но и механизмот на балансирачот кој беше укинат токму од Уставниот суд, изјави Меџити. 

Со Охридскиот рамковен договор беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Договорот беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Нема да го напуштиме Донбас. Не можеме да го направиме тоа. Сите го забораваат првиот дел – нашите територии се нелегално окупирани. За Русите, Донбас е отскочна даска за идна нова офанзива. Ако го напуштиме Донбас по своја волја или под притисок, ќе започнеме трета војна. Зошто? Крим дефинитивно беше отскочна даска за офанзива против југот на нашата земја. Донбас дефинитивно беше отскочна даска за нештедење на украинските граѓани, некористење на нашите, немобилизирање (жалам што го кажувам ова, но така е) и претворање на сепаратистите во руска армија“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

РЕГИОН

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштиле Западен Балкан — регионот ризикува пад од над 15 отсто од населението до 2050

Во изминатите десет години, над 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан во потрага по подобар живот, покажуваат податоците на Светската банка…

СВЕТ

Протестите на самитот во Анкориџ со наслов „Алјаска стои со Украина“ испраќаат јасни пораки до Трамп и Путин

Митинзите планирани во центарот на Анкориџ во пресрет и на денот на претстојниот самит меѓу американските и руските лидери испраќаат јасни пораки до Доналд Трамп и Владимир Путин, кој, велат организаторите, нема место на американска почва. Митингот ќе се одржи во трговскиот центар Midtown Mall, кој се наоѓа во центарот на Анкориџ, на двете најпрометни раскрсници во градот. Вкупно, на истата локација се планирани два митинзи пред самитот.

АЛ ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Затворањето на албанската телевизијата „Њуз24“ испраќа загрижувачки сигнал; Само пет хеликоптери ги гаснат огромните пожари во Албанија; Експлозија во јужна Митровица

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за Охридскиот рамковен договор, 24 години по потпишувањето?

ИНТЕРВЈУ

Психологот Фики Гаспар во интервју за ЦИВИЛ Медиа одговара на прашања поврзани со влијанието на политиката и злоупотребата на децата и младите за политички цели, кои се причините за врсничко насилство, како и за тоа што треба да се преземе во врска со овие прашања?

АНАЛИЗИ

„И по  24 години од потпишувањето, Охридскиот рамковен договор останува да биде камен на сопнување за меѓуетничките односи и соживотот во Северна Македонија. Негативните коментари и потпалувачки наративи особено добиваат на гласност за време на (пред) изборните кампањи, како што е случајот и сега, пред почетокот на кампањата за локалните избори закажани за 19 октомври“, пишува Драган Мишев во „И по 24 години од потпишувањето, Рамковниот договор се користи за потпалување на националистичките страсти пред изборите“.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ