• Latest
Фото: МИА

24 ЧАСА: Самит Украина-ЈИЕ во борба против руската агресија; Русија ќе се обиде со дестабилизација на Балканот, смета Зеленски; фон дер Лајен најави купување оружје за Украина од замрзнати руски средства

February 28, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Самит Украина-ЈИЕ во борба против руската агресија; Русија ќе се обиде со дестабилизација на Балканот, смета Зеленски; фон дер Лајен најави купување оружје за Украина од замрзнати руски средства

February 28, 2024 16:56
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Македонскиот претседател Стево Пендаровски присуствува на Самитот Украина – Југоисточна Европа, во Тирана, Република Албанија, каде имаше средба со домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Албанскиот премиер Еди Рама, во својот говор на почетокот на Самитот ја истакна потребата да се поддржи Украина и да се запре руската агресија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на  Самитот Украина предложи дека треба да се формира посебен форум за одбранбената индустрија помеѓу Украина и земјите од Западен Балкан.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Фактот што сме денесka овде, на заедничка маса, е важен пример дека дојдовме и станавме обединети. Мислам дека ова што се случува сега е вистинскиот пример. Не обрнуваме внимание на провокациите, бидејќи тие само разделуваат. Денешниот самит е за обединување. Мислам дека Русија ќе се обиде да ја дестабилизира ситуацијата. Русија доаѓа до заклучоци за грешките што ги направила на територијата на Украина, па затоа ќе се обиде да дестабилизира пошироко. Верувам, дека под закана се „балтичките земји, Молдавија, балканските земји каде што беше присутен Советскиот Сојуз“, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Самитот Украина-Југоисточна Европа.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинските сили пресретнаа 358 руски беспилотни летала и заробија 11 војници на фронтот Таврија, во февруари соборени 8 руски борбени авиони.

*

„Ќе направам сѐ за да го остварам сонот на Алексеј Навални за Русија на иднината, изјави денеска неговата сопруга Јулија пред европратениците во Стразбур. Навална беше пречекана во салата на нозе, а нејзиниот говор постојано беше прекинуван со аплауз.

*

Европската унија ќе ги користи приходите од руските финансиски средства кои се чуваат во европските банкарски институции за колективно купување оружје за Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Стразбур, за време на сослушувањето во Европскиот парламент.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДЛУКА Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинува делот „националност” во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на Судот.

ИНТЕГРАЦИИ Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите поврзани со замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор, нагласува Делегацијата на Европската Унија во земјава.

ЕКОНОМИЈА Пазарните и трудовите инспектори од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени што излегува од секоја нормална пазарна логика соодветно ќе реагираме, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

ИНТЕРВЈУ

Проф. Ратко Дуев за ЦИВИЛ МЕДИА: Лажната вест може да донесе политички поени, но може и како бумеранг да се врати

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Несомнено, ерата во која живееме, окарактеризирана како пост-вистина, во многу нешта ги измени секојдневието, интересите, но и когнитивните процеси, емотивните дигестии и воопшто, во услови на технолошката злоупотреба на (дез)информациите дури и нашето однесување. Слично, вредностите врз основа на кои се темелат и градат нашите демократии, и ставовите кои се омасовуваат со оглед на брзината на дисеминацијата, неретко се вирални мотивациони горива за (не)соодветно однесување и компромитација“, пишува професорката Ана Чупеска во „Борба против психосоцијалните операции: Апотеoза на вистината е нужност за нашата ера“.

„После десеттина години воочени слабости во системот на субвенции за поздравување е најавата на министерот Николовски за нов критериум. Комбинираниот модел за посеани површини и субвенции за стратешки производи е добар почеток на расплетување на разните интереси поврзани со субвенционирањето на производството на храна. Сто и дваесет милиони евра на година не се основа за лаконски изјави од типот „за јагниња дадовме толку, за нови насади волку“, туку причина за сериозно преиспитување на резултатите во политиките на субвенции во земјоделието“, пишува Војо Маневски во „Земјоделието не е само производство на храна“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: дезинофмрацииДневникСамит Украина -ЈИЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ