• Latest

24 ЧАСА: Таравари незаитересиран да се кандидира за претседател; ВМРО манипулираше со пенизонерите, вели Тренчевска; видео серијал на ЦИВИЛ во борба против дезинформации

February 1, 2024

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Таравари незаитересиран да се кандидира за претседател; ВМРО манипулираше со пенизонерите, вели Тренчевска; видео серијал на ЦИВИЛ во борба против дезинформации

February 1, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во седиштето на партијата се сретна со претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, на која, како што наведува на Фејсбук, разговарале за реализацијата на програмата на Владата, за динамиката на работа во наредниот период, како и за политиките кои значат исполнување на стратешката цел на земјата за членството во ЕУ и партнерството со САД.

„Наши заеднички цели на коишто посветено работиме како политичари и коалициски партнери се продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ и јакнење на стратешкото партнерство со САД. Тоа е наша обврска кон сите граѓани и кон иднината на државата затоа што Северна Македонија нема друга алтернатива освен европскиот пат“, се наведува во објавата на Фејсбук на Ковачевски.

Претходно денеска претседателот на Алијансата за Албанците, Таравари во куса изјава за МИА потврди дека партиите од албанската опозиција му предложиле тој да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но истакна дека тој не е заинтересиран.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Кога креирате политики мора да внимавате на стабилноста на пензискиот фонд. Пензискиот фонд, ВМРО-ДПМНЕ го остави со дефицит од 47%, тој дефицит сега е 31% ради добрите политики. Имавме манипулации со пензионерите дека ќе им дадат на сите по 5000 денари, па потоа ретерираа и сите што излегуваа низ меидумите од опозицијата рекоа пу пу не важи, ќе дадеме по 500 денари“, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

„207 украински војници и цивили се вратени од руско заробеништво“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Фејсбук.

*

Сите 27 земји на Европската унија договорија 50 милијарди евра (54 милијарди долари) помош за Украина на самитот во Брисел, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на X.

*

Шефот на Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР), Кирило Буданов, во интервју за Си-ен-ен вели дека следните шест месеци ќе бидат „интересни“, бидејќи во овој период ќе заврши притисокот на Русија по линијата на фронтот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СОБРАНИЕ Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, денеска имаше онлајн средба со претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, на која беше реафирмирана и поздравена решителната поддршка и солидарност на нашата земја кон Украина.

ПОДДРШКА Силно ги поддржуваме напорите на Северна Македонија да бара одговорност од оние кои ја злоупотребуваат довербата на јавноста за лична корист, изјави за Гласот на Америка на македонски портпарол на Стејт департментот, на прашање за иницијативата на Министерството за надворешни работи да се санкционираат и дома лицата и субјектите што се ставаат на црната листа на САД.

ЕКОНОМИЈА Движењата на инфлацијата и на девизниот пазар се поволни. Сепак, неизвесноста постои, а инфлацијата се уште е над историскиот просек. Оттаму, поставеноста на монетарната политика на Народната банка, соодветно на монетарната политика на Европската централна банка, засега останува иста, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански меидуми: Договорот Рама-Мелони за имигрантите под лупа на ХРВ; ЕУ бара од Косово „долг преоден период“ за динарот

КОНФЛИКТИ

Додека Појасот Газа се доближува кон целосен глад, раселените цивили и здравствените работници гладуваат за нивните деца да можат да јадат малку што е достапно. Ако Палестинците пронајдат вода, таа најверојатно не може да се пие.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Породолжува ВИДЕО серијалот од проектот Ослободи го умот за спревување со дезинформациите пропагандата и хибридните закани преку мониторинг, анализи, медиумски активности и директна комуникација со граѓанките и граѓаните

БОРБА против дезинформациите (1)

БОРБА против дезинформациите (2)

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Северна Македонија, некогаш „оаза на мирот“, денес е „оаза“ на руската пропаганда. За утеха, во друштво е со Србија и Црна Гора. Таа е присутна на социјалните мрежи преку „виралноста“ од ботовите и троловите“, пишува Сефер Тахири во анализата „И по Тито – Путин: Од „оаза на мирот“ до „оаза“ на руската пропаганда“.

„Ништо не е ново тоа што претседателите на македонските опозициски и не само опозициски партии кон кои гравитираат главно гласачи од албанската етничка припадност, предизборно пак заталкаа на поклонение но сега кај актуелно популарниот сеалбански регионален авторитет Курти и сето, кажано во оваа една реченица, ќе беше онака предизборно симпатично доколку, идентично како и претходно со некаквите тирански платформи, сега еве со приштински, овдешните партиски претседатели, всушност, идентични зависници на призренски мотиви, не разберат дека со ваквите, нели автономни лидерски манири, овде си ги бламираат сопствените партиски позиции“, ПО ДОПРЕН ГЛАС вели Зоран Ивнаов во „Лидерски понижувања со преседан“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: дезинформацииДневникманипулации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ