• Latest

Албански медиуми: Договорот Рама-Мелони за имигрантите под лупа на ХРВ; ЕУ бара од Косово „долг преоден период“ за динарот

February 1, 2024

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Договорот Рама-Мелони за имигрантите под лупа на ХРВ; ЕУ бара од Косово „долг преоден период“ за динарот

February 1, 2024 10:55
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) изрази резервираност за договорот за имигрантите меѓу Албанија и Италија, известија албанските медиуми.

Новата регулатива на Централната банка на Косово за повлекување од оптек на српскиот динар започнува денеска, Европската унија побара од Косово прилично долг преоден период за имплементација, пренесоа косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

РТШ: Хјуман Рајтс  Воч  со прашалници за пактот Албанија-Италија

Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) изрази резервираност за договорот за имигрантите меѓу Албанија и Италија.

Пактот, кој ѝ дозволува на италијанската страна да користи неколку центри на албанска територија за проценка на статусот на барателите на азил главно од северноафриканските земји и дополнително нивно репатријација, Уставниот суд на Албанија го прогласи за компатибилен со уставот, додека во Италија напредуваше до Сенатот за конечно одобрување.

Според ХРВ, планот меѓу двете соседни земји отвора неколку прашања.

„Како ќе влијае пренасочувањето на италијанските спасувачки бродови, кои ќе бидат преместени во Албанија од најблиските и најбезбедните италијански пристаништа, на италијанските операции за пребарување и спасување во Медитеранот? Дали семејствата ќе бидат раздвоени? Каде, како и од кого „загрозените Како италијанските власти ќе гарантираат правични процедури за азил или судска проценка на притворот во Албанија?“, прашуваат меѓу другото од ХРВ, пренесува РТШ.

ВОА: СПАК заплени 1 милион евра имот на уапсениот поранешен полицаец

„Специјалното обвинителство во средата објави заплена на околу 1 милион евра недвижен имот на поранешниот директор на Оперативните сили Олтион Бистри, кој беше уапсен во јули, во рамки на истрагите за повеќе криминални групи во земјава.

Неговото име беше откриено благодарение на дешифрирањето од страна на белгиските и холандските правосудни органи на комуникациите направени преку шифрираната услуга Sky EncroChat, кои беа предадени на Специјалното обвинителство.“, пренесе Глас на Америка на албански јазик.

КОСОВО

ЕУ бара од Косово „долг преоден период“ за новата регулатива за ЦБК

Европската унија во четвртокот побара од Косово прилично долг преоден период за имплементација на новата Регулатива на Централната банка на Косово (ЦБК), бидејќи според блокот постои ризик од комплицирање на животот на граѓаните на заедниците , особено српските, поради „недостаток на претходна консултација“.

Од ЕУ побараа ова прашање да се реши во дијалог, пренесува Коха.

Телеграфи: Бислими учествува на конгресната расправа за НАТО: Од витално значење е Косово да се приклучи на Северноатлантската алијанса

Поранешниот член на Претседателството на Демократската лига на Косово, Фатон Бислими, објави дека учествувал на конгресната расправа за НАТО во Комисијата за надворешни односи на американскиот Сенат, каде што се разговарало и за Косово, пренесе Телеграфи.

Во објава на Фејсбук, Бислими пишува дека е од витално значење Косово да биде целосно ангажирано во процесот на патувањето кон членство во НАТО.

КОЛУМНА

Бота Сот: Зошто се крие вистината за „Заедницата“ и изнудувањето на земјиште од Дечанскиот манастир?!

„Повеќе од една деценија Косово го мачат две апсурдни српски барања: „Заедница“ и барањето за изнуда на нашата земја, од Дечанскиот манастир.

Изворот на ова големо зло, до катастрофа, е Хашим Тачи, со неговите команданти и француската тајна служба, односно агентот на ДГСЕ, Арно  Данжан, српски зет“, пишува авторот Идриз Зеќири, во колумната „Зошто се крие вистината за „Заедницата“ и изнудувањето на земјиште од Дечанскиот манастир?!“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ