• Latest
Фото: Скриншот од YouTube видео

„Полека умираме“: Палестинците јадат трева и пијат загадена вода додека гладот се шири низ Газа

February 1, 2024
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

„Полека умираме“: Палестинците јадат трева и пијат загадена вода додека гладот се шири низ Газа

„Полека умираме“, вели една мајка во Рафах. „Мислам дека е уште подобро да умреме од бомбите, барем ќе бидеме маченици. Но, сега умираме од глад и жед“

February 1, 2024 13:34
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот од YouTube видео

Фото: Скриншот од YouTube видео

Share on FacebookShare on Twitter

Додека Појасот Газа се доближува кон целосен глад, раселените цивили и здравствените работници гладуваат за нивните деца да можат да јадат малку што е достапно. Ако Палестинците пронајдат вода, таа најверојатно не може да се пие.

Кога камионите за помош се редат на линијата, луѓето се качуваат едни врз други за да грабнат помош. Децата кои живеат на улица, откако биле принудени да ги напуштат своите домови поради бомбардирањето на Израел, плачат и се караат за бајат леб, додека други, наводно, пешачат со часови на студ барајќи храна, ризикувајќи да бидат изложени на израелски напади, пренесува Си-Ен-Ен.

Дури и пред војната, две од три лица во Газа се потпираа на поддршка за храна, изјави за Си-Ен-Ен Ариф Хусеин, главен економист во Светската програма за храна (WFP). Палестинците преживеаја 17 години делумна блокада наметната од Израел и Египет.

Бомбардирањето и опсадата на Израел од 7 октомври драстично ги намалија виталните резерви во Газа, оставајќи го целото население од околу 2,2 милиони изложено на високи нивоа на акутна несигурност на храна или уште полошо, според Интегрираната класификација на фазата на безбедност и исхрана на храната (IPC), која проценува глобалната несигурност на храна и неухранетост.

Мартин Грифитс, шефот за итна помош на ОН, исто така изјави дека „големото мнозинство“ од 400.000 жители на Газа, кои агенциите на ОН ги карактеризираат како изложени на ризик од глад, „всушност се во глад“.

„Израел го уништува системот за храна во Газа и ја користи храната како оружје против палестинскиот народ“, предупредија експертите за човекови права на ОН.

Во текот на повеќе од 100 дена, Палестинците во Газа забележаа масовно раселување, населби претворени во пепел и урнатини, цели семејства разнебитени од војна, наплив на смртоносни болести и медицински систем уништен од бомбардирање. Сега гладот и дехидрацијата се главна закана за нивниот опстанок.

„Полека умираме“, размислува Ел Џамара, мајка во Рафах. „Мислам дека е уште подобро да умреме од бомбите, барем ќе бидеме маченици. Но, сега умираме од глад и жед“.

Во израелските напади врз Газа по нападите на Хамас на 7 октомври загинаа најмалку 26.637 луѓе, а повредени се 65.387 други, според Министерството за здравство на Хамас. Израелската војска ја започна својата кампања откако милитантната група уби повеќе од 1.200 луѓе во нападите без преседан врз Израел и рече дека е насочена кон Хамас.

Јадат трева за да преживеат

Мохамед Хамуда, физиотерапевт раселен во Рафа, се сеќава на денот кога неговиот колега, Одех Ал-Хау, беше убиен обидувајќи се да добие вода за своето семејство.

Ал-Хау чекаше во редица на водна станица во бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа, кога тој и десетици други беа погодени од израелско бомбардирање. За жал, многу роднини и пријатели се уште се во северниот дел на Појасот Газа и многу страдаат“, изјави Хамуда, татко на три деца, за Си-Ен-Ен. „Тие јадат трева и пијат загадена вода“.

Блокадата на Израел и ограничувањата за испорака на помош значи дека залихите се очајно ниски, што ги зголемува цените и ја прави храната недостапна за луѓето низ Газа. Недостигот е уште полош во северните делови на појасот, според ОН, каде Израел ја концентрираше својата воена офанзива во раните денови од војната. Затемнувањето на комуникацијата ги задушува напорите за известување за глад и дехидрација во регионот.

„Луѓето искасапеа магаре за да го изедат неговото месо“, пренесува Хамуда што му рекле пријателите во Џабалија претходно овој месец, бидејќи недостигот се влошувал.

Дополнително, сериозен удар за хуманитарните напори претставува одлката на неколку западни земји да го суспендираа финансирањето на главната агенција на ОН во Газа, Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) во последните денови поради наводите на Израе дека неколку нејзини вработени учествувале во нападите на 7 октомври. ОН отпушти неколку вработени по овие наводи.

Нема чиста вода

Гихан Ел Баз лулка мало дете на колено додека ги теши своите деца и внуци, за кои вели дека секој ден се будат „врескајќи“ за храна.

„Во засолништата нема доволно храна, сонцето заоѓа на нас, а ние не сме ни ручале“, Ел Баз, кој живее е со 10 роднини во шатор во Рафах, излишен од временските услови, изјави таа за Си-Ен-Ен.

„Нема пијалоци, нема чиста вода, нема чисти бањи, детето плаче за бисквит и не можеме ни да најдеме да му дадеме.

Раселени родители во Рафах, каде што OCHA објави дека повеќе од 1,3 милиони жители на Газа биле принудени да избегаат , велат дека стресот поради неможноста да ги заштитат своите деца од бомбардирање е надополнет со нивната неможност да обезбедат доволно храна. Ограничениот пристап до електрична енергија прави лесно расиплива стока да не може да се чува во фрижидер. Условите за живеење се пренатрупани и нехигиенски.

„Луѓето се принудени да сечат дрвја за да добијат огревно дрво за греење и подготовка на храна. Чадот е насекаде, а мувите се шират и пренесуваат болести“, рече Хазем Саид Ал-Наизи, директор на сиропиталиште во градот Газа кој побегна на југ со 40-те луѓе под негова грижа – од кои повеќето се деца и доенчиња кои живеат со посебни потреби.

Хамуда , раселениот здравствен работник, предходно ги хранел своите деца – на возраст од шест, четири и две години – со мешавина од овошје и зеленчук, бисквити, свежи сокови, месо и морски плодови. Годинава, рече тој, семејството едвај јадело еден оброк дневно, живеејќи на сув леб и конзервирано месо или мешунки.

„Децата се насилни едни кон други за да добијат храна и вода“, рече Хамуда, кој работи во болницата Абу Јусеф Ал-Наџар и волонтира во блиското засолниште. „Не можам да ги спречам солзите да ми паѓаат кога зборувам за овие работи, бидејќи е многу болно да ги гледате вашите и другите деца гладни“.

Сите 350.000 деца на возраст под пет години во Газа се особено ранливи на тешка неухранетост, објави УНИЦЕФ минатиот месец.

Подготви: Драган Мишев


Целиот текст прочитајте го ТУКА

Tags: гладПалестинциПојасот Газа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ