• Latest

24 ЧАСА: Цивилите – единствена мета на рускиот напад врз Кијив; Мицкоски бара да го приведат и да оди во затвор; српските студенти 10-ти ден ја блокираат РТС; ЦИВИЛ повикува: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

April 24, 2025

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Цивилите – единствена мета на рускиот напад врз Кијив; Мицкоски бара да го приведат и да оди во затвор; српските студенти 10-ти ден ја блокираат РТС; ЦИВИЛ повикува: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

April 24, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

„Рускиот мир во сета своја слава“ : Масовен руски напад со ракети и дронови врз Кијив, убиени 9, повредени над 70 цивили

Русија изврши еден од своите најбрутални напади во последниве недели, лансирајќи масивен бран крстосувачки ракети, ракети Калибр, балистички ракети, ракети воздух-земја Kh-59/69 и самоубиствени беспилотни летала против украинските градови и инфраструктура…

(Вознемирувачки материјал) РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Цивилите – единствена мета на нападот врз Кијив

Повеќе од 80 луѓе беа ранети, а девет убиени низ Украина како резултат на масовен руски ракетен и беспилотен напад во текот на ноќта на 24 април. Русија лансираше околу 70 проектили, вклучително и балистички, и речиси 150 беспилотни летала, објави претседателот Володимир Зеленски …

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Премиерот Мицкоски одговори дека истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител, а не Владата.

-За пет месеци од денеска ќе почне кампањата за локалните избори. Граѓаните ќе кажат чија политичка кариера завршува, чија политичка кариера продолжува и во каков формат ќе продолжи. Истрагата ја води јавниот обвинител. Не јас, и не Владата. Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат во истиот момент. Ако јавниот обвинител одлучи дека треба да одам во затвор, ќе одам, рече Мицкоски.

РЕГИОН

Десетти ден од блокадата на српските студенти на РТС

Студентите во блокадата веќе десетти ден продолжија да ги блокираат влезовите во зградите на Радио и телевизија Србија во Белград, на улицата Таковска и на Кошутњак…

СВЕТ

Жителите на Истанбул ноќта ја минаа на отворено по земјотресот од 6,2 степени по Рихтер

Многу жители на Истанбул ноќта ја минаа на отворено, плашејќи се да се вратат во своите домови, по силниот земјотрес и над 180 последователни потреси…

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за пресудата на Стевчо Јакимовски и дали ќе оди во затвор?

Последната пресуда за Стевчо Јакимовски, актуелен градоначалник на Општина Карпош и лидер на политичката партија ГРОМ, предизвика силен интерес и реакции во јавноста.

Редакција ЦИВИЛ Медиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува најсилна и најостра осуда на континуираниот, систематски и нечовечки ракетен терор што го спроведува руската воена машинерија врз народот на Украина. Ова не се акти на војна во каква било конвенционална смисла. Ова се намерни злосторства – чист терор, пресметана суровост и зло во неговата најсурова форма.

Ова не е однесување на легитимна држава. Ова е однесување на руска терористичка држава, која ги отфрли сите норми на меѓународното право и моралот.

АНАЛИЗИ

Претседателот Володимир Зеленски на 23 април објави дека Украина секогаш ќе постапува во согласност со нејзиниот Устав, споделувајќи ја американската декларација од 2018 година со која се осудува руската окупација на Крим и потврдувајќи го територијалниот интегритет на Украина. Иако Зеленски не го спомна тоа експлицитно, се чини дека изјавата се однесува на САД, наводно, предлагаат де јуре признавање на руската контрола над јужниот украински полуостров, кој Русија го окупира од 2014 година, како дел од потенцијалниот мировен договор. Секој потег за признавање на руската контрола на Крим ќе ја смени политиката на САД во една деценија и може да го наруши широко распространетиот консензус по Втората светска војна дека меѓународните граници не треба да се менуваат со сила, пишува Драган Мишев во анализата „Зеленски ја спротивстави американската декларација за Крим од 2018 година на промените во политиката на Трамп во однос на руската агресија врз Украина.“

Подготви: Д. Мишев

 

 

Tags: анализиВестиизјавирегионСветсоопштенија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ