• Latest

24 ЧАСА: Украина го одбележува Денот на човековите права: Слобода или страв; институциите не ги почитуваат во целост препораките на Омбудсманот за правична застапеност при вработување; Малта му ја прекина функцијата почесен конзул на Анѓушев

December 7, 2023

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Украина го одбележува Денот на човековите права: Слобода или страв; институциите не ги почитуваат во целост препораките на Омбудсманот за правична застапеност при вработување; Малта му ја прекина функцијата почесен конзул на Анѓушев

December 7, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Меѓународна конференција за човекови права „Слобода или страв“

Во Кијив, Украина, денеска и утре се одржува Меѓународната Конференција за човекови права „ Слобода или страв“, по повод 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права. На конференцијата се учесници високи политички претставници од ЕУ, кои ќе се обратат сосвои говори во текот на дводневната конференција.

Украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец зборуваше во контекст на загубите од руската агресија врз Украина најголеми жртви се децата. „Ако вратиме по едно дете на ден, ќе ни бидат потребни 55 години да ги вратиме сите деца што се киднапирани од окупираните делови на Украина“, истакна Лубинец.

„Ова е еден од најзначајните настани поврзани со 75 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права. Едно од најтешките воени злосторства е киднапирањето и депортирањето на илјадници деца. Оваа конференција е гласен потсетник дека руските агресори масовно го извршуваат токму ова злосторство”, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој денеска и утре присуствува на Конференцијата за човекови права „Слобода или став“, во Кијив Украина. На конференцијата, како претставник од Северна Македонија, учествува и заменик омбудсманот Јован Андоновски.

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, се заблагодари на Дерала и Андоновски за учеството на Меѓународната конференција „Слобода или страв“ што се одржува во Кијив.

За време на Конференцијата рускиот агресор не го поштеди главниот град на Украина, кога во градот се наоѓаат голем број делегации од целиот свет.

ИЗЈАВА ЗА ДЕНОТ

„Констатација на Народниот правобранител е дека скоро сите помалубројни заедници се застапени со скоро идентичен процент на вработени како и изминатите години, што значи дека институциите не ги почитуваат во целост препораките на Народниот правобранител, а со тоа и не ги спроведуваат одобрените годишни планови за вработување во кои е изразена етничката застапеност и спроведување на уставното начело на соодветна и правична застапеност“, изјави Народниот правобранител Насер Зибери презентирајќи ги Посебниот извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор и Посебниот извештај од анализата на податоците за полова и образовна застапеност за 2022 година.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Четири лица поврзани со руската војска беа вчера обвинети од Министерството за правда на САД за воени злосторства, како измачување, нехуман третман и незаконско затворање на американски државјанин.

*

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера изјави дека барањето на американскиот претседател Џозеф Бајден до Конгресот за дополнително финансирање кое вклучува воена помош за Украина и Израел, исто така ќе биде од корист за американската индустриска база.

КОНФЛИКТИ

Во истрагата на Амнести интернешенел се тврди дека во два израелски воздушни напади во Газа во октомври, во кои се вели дека биле убиени 43 цивили, бил користен систем за наведување оружје произведен од САД.

*

Европската унија треба да размисли за заострување на санкциите кон Хамас и воведување санкции за израелските доселеници одговорни за насилството на Западниот Брег, соопшти дипломатската служба на Европската унија во документот подготвен за состанокот на шефовите на дипломатиите на блокот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДЛУКА Малтешкото Министерство за надворешни работи му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, поради неговото поместување на „црната листа“ на САД, објави „Тајмс оф Малта“.

ОЦЕНКА Министерството за одбрана е прворангирана институција во Северна Македонија и во регионот според најновиот извештај согласно Индексот на отвореност на Фондацијата Метаморфозис.

СОБРАНИЕ Политичките партии генерално се запознаени со правата на лицата со попреченост, но немаат функционери со попреченост, оценија учесниците на денешната тркалезна маса на тема „Политичко учество на лица со попреченост“ одржана во Собранието на Република Северна Македонија.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Албанската опозиција повторно со нереди во собранието; изгласан буџетот среде хаос; Интерпол распиша потерница по Радоичиќ

АНАЛИЗИ

„Улогата на таткото на една од жртвите, Вања Ѓорчевска, веднаш беше најслабата алка во сите теории. Секој ќе се запраша – па ако се монструми оние кои се учесници во грабнувањето на девојчето Вања, што ли ќе се рече за наведувачот, кој е нејзин родител? Токму тој факт беше шокантен и за регионот – белградските новинари се прашуваат „како тоа татко да ја ’типува’ својата ќерка?“ Инаку секој скопски таксист ќе ви кажеше веднаш и пред осознавањето на осомничените дека токму родителот има биографија која укажува на неговата вмешаност. Засега да кажеме толку, со тоа што се чини дека сликата за наводната семејната хармонија (на разделените родители!) што доаѓаше од домот на жртвата, можеше да влијае на брзината на истрагата и на неможноста навреме да се редуцираат насоките на трагачите!“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Монструми под знамето на вергина“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Дневникконференција за човекови праваКорупцијаЉупчо ПалевскиУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ