• Latest

Албански медиуми: Албанската опозиција повторно со нереди во собранието; изгласан буџетот среде хаос; Интерпол распиша потерница по Радоичиќ

December 7, 2023

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Албанската опозиција повторно со нереди во собранието; изгласан буџетот среде хаос; Интерпол распиша потерница по Радоичиќ

December 7, 2023 11:01
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во албанското собрание опозицијата и денеска го повтори сценариото на хаос, со превртвување столчиња и физички судир со Гардата на републиката.  Интерпол распишал налог за апсење на санкционираниот од САД и Велика Британија, Милан Радоичиќ, организаторот на нападот на Бањска.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Газета Шќип: Опозициските пратеници го започнаа сценариото за хаос со превртување на столчињата и физичко судирање со гардата, изгласан буџетот

Пратениците од опозицијата денеска почнаа со своето сценарио на хаос, бидејќи се очекува член по член да се изгласа буџетот за 2024 година во Парламентот на Албанија.

Она што денеска се виде е висок  број на вработени во Гардата на Републиката, пренесе Газета Шќип.

Во меѓувреме, буџетот за 2024 година се изгласа во неколку кинути, среде хаосот од опозицијата.

Еуроњуз: На трката за последните 3 слободни места во СПАК, реагираат од амбасадата на САД

Амбасадата на САД во Тирана реагираше во врска со процесот за пополнување на испразнетите места во Специјалното обвинителство, СПАК.

Преку објава на Икс (поранешен Твитер) на официјалната веб-страница на американската амбасада, се вели дека САД очекуваат пополнувањето на последните 3 слободни места во СПАК да резултира со „избор на оние најквалификувани обвинители со највисоки нивоа на храброст, професионализам, интегритет и независност“, пренесе Еуроњуз.

КОСОВО

Газета Експрес: Интерпол распиша потерница по Милан Радоичиќ

Интерпол распишал налог за апсење на санкционираниот од САД и Велика Британија, Милан Радоичиќ, дознава КосоваПрес од извори во надлежните институции.

Радоичиќ неодамна беше виден во манастирот Бањска на северот од земјата, каде престојуваа српските терористи, по терористичкиот напад во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку, пренесе Газета Експрес.

Телеграфи: Полицијата заплени воени униформи и илегално оружје  во акција северно од Митровица

Во ненаселена куќа, при претресот, полициските единици пронајдоа и одзедоа неколку воени униформи (полициска кошула, три пара зелени војнички панталони, пет војнички кошули, две мали чанти, еден пар пластични лисици и торба со бомба).

Според извештајот на косовската полиција, познато е дека случајот се случил во средата околу 14:35 часот, во северна Митровица, пренесе Телеграфи.

Бота Сот -Рохде: Ако дијалогот оди во вистинската насока, петорката на ЕУ ќе го признае Косово

Амбасадорот на Германија во Приштина, Јорн Роде, изјави дека напредокот во процесот на дијалогот со Србија може да донесе и признавање на независноста на Косово од петорката која не ја признава Европската унија.

Рохде изјави дека главниот начин да се убедат земјите од ЕУ е да се покаже дека Косово прави се за да го реши конфликтот, пренесе Бота Сот.

КОЛУМНА

Нистори: Дали навивачите можат да бидат поддржувачи на протестите?!

Накратко, со големиот пад на општествениот живот и апатијата на другите граѓански институции (во Албанија тоа е очигледно, бидејќи нема синдикати и здруженија за соработка, а религијата не инспирира како порано) кои досега служеа како сидрото на заедницата, фудбалот, и покрај глобализацијата, продолжува да биде географски вкоренет и може да дејствува како собирна точка за идентификација и солидарност. А, има ли подобар резервоар за политика од навивачите, пишува авторот Бен Андони во колумната „Дали навивачите можат да бидат поддржувачи на протестите?!“, објавена во Нистори.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албанси медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ